МАКЕДОНИЈА ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2019: Како нашата земја влезе во потесен избор?
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018
Македонија е рангирана на 25 место од 28 земји кои туристите треба да ги посетат во 2019 година, објави неодамна nationalgeographic.
За Македонија беше наведено дека е опколена со Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово, и изоболува со планини и езера. Пишуваше и дека земјата има национални паркови Пелистер, Маврово и Галичица кои треба да ги посетат туристите, а беше споменато и Охридското Езеро.
Биљана Пејоска Ристеска, извршен Директор на Стопанска комора за туризам на Македонија, вели дека се работи за магазин кој многу сериозно пристапува кон изборот на дестинации кои ги препорачува.
Додава дека кога станува збор конкретно за магазинот на Национална Географија (National Geographic) треба да знаеме дека тој е еден од најстарите магазини (1888 година) кои имаат специфичен пристап до рангирање на една дестинација како неверојатна.
„Статиите кои ги објавуваат се однесуваат за строго одредени области како што се наука, географија, историја и светска култура, секогаш пропратени со динамични фотографии кои предизвикуваат чувство на движење. За нив не е доволно една земја да има промотивен материјал од дадените области и да се користат форми на промоција од типот на саемски манифестации. Принципот на работа на овој и слични на него магазини со светско реноме е допир со реалното. Имаат сериозен пристап при што формираат специјални експедиции кои ги испраќаат на самото место /дестинација, ги согледуваат и осознаваат вистинските вредности кои ја прават специфична таа дестинација пример, посетуваат културно историски знаменитости, разговараат со локалното население, присуствуваат на изработка на некој предмет карактеристичен за дестинацијата, следат приготвување на храна и слично. Сето тоа на крај резултира со позиционирање на таа дестинација како неверојатна (Incredible destination) која е атрактивна да се посети“, вели таа.
Додава дека Македонија уште во 2016 година за време на одржување на Конференцијата за активен туризам во Охрид во организација на светската асоцијација за активен туризам и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија учествувала новинарска екипа токму од овој магазин, кој го истражувал Охрид и истата година го стави градот на насловната страна.
Јустина Млецзак од Полска, е туристички водич, но специфично за неа е тоа што студирала во Скопје. Смета дека Македонија заслужено е на листата на дестинации за 2019 година. Пишува на блог и на Фејсбук станица за убавините на Македонија, а сака да донесе што повеќе туристи од Полска во земјава.
„Во 2018 година Полјаците се пред Холаѓаните во Охрид по бројност. Летово со мене дојдоа во Охрид 600 туристи од Полска. Би сакала да организирам повеќе туристи, и престој за студенти од Полска во Македонија и од Македонија во Полска, но не можам да најдам за ова некого од Владата што ќе го заинтересирам. Полајците и Македонците имаат заедничка историја. Адолф Чиборовски со архитекти го изгради Скопје по земјотресот. Многу Полјаци живеат во Македонија, а ги прифативме и бегалците по 1947 година“, вели водичот.
Млецзак е отворена за соработка за сите кои сакаат да помогнат планот да се реализира. Taa сака да се поврзе со македонски училишта со кои би организирала размена на ученици. Вели дека сака полски ученици да ја запознаат Македонија, културата, традицијата, и да престојуваат во македонски семејства.
Oд балканските земји претпоследна на листата на Национална Географија е Црна Гора. Дестинација број еден е Мексико, втора е Амазон во Перу, трета е Фанјингшан во Кина, потоа Дакар во Сенегал, Дордоњ во Франција, а се редат и Нов Зеланд, Виетнам, Гренланд, Оман, Мисури, Француска Полинезија, Швајцарија, Ново Мексико, Белизе, Матера во Италија, Колумбија, Египет и други.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.