05 Јули, 2024
0.0667

„МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА“: Какви ефекти може да се очекуваат од мерките за зголемување на вработеноста?

Објавено во: Економија 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Законските измени со кои компаниите ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси за вработување на лица од утврдените категории, се добри, но се носат во погрешно време и тешко дека може да се очекува посериозен ефект,смета Горан Рафајловски од „Рафајловски Консалтинг“. Според него овие мерки ќе делуваат малку, не затоа што не се добри, туку затоа што економските состојби во земјата и опкружувањето не се во добра состојба. „За некоја идеја да е успешна, треба да е погодено и времето. Ние имаме сериозни проблеми со свежи пари, со ликвидноста, со тековното одржување, и затоа многу малку компании ќе може да задржат ист број на вработени и плус да вработат нови, за кои ќе теба да обезбедат плати, иако ќе бидат ослободени од придонеси за нив. Затоа сметам дека нема да дадат посериозни резутат“, вели Рафајловски од Рафајловски Консалтинг. Од друга страна, Рафајловски посочува дека лошо е што овие мерки за ослободување од плаќање на социјални придонеси за вработување на лице согласно утврдени критериуми се врзуваат со редовно и навремено плаќање на даноците. „Односно, според законите, ако некоја фирма има нови вработени и исполнила услови да биде ослободена од  плаќање социјални придонеси неколку години, но при тоа се случи фирмата да задоцни неколку месеци со плаќање на данок, тогаш истата таа фирма, ќе треба да ги врати назад сите ослободувања за социјални придонеси што ги добила од државата. Државата може да бара од фирмата да ги врати парите што ги добила како ослободување за социјални придонеси за нововработените, но само ако истата фирма не платила придонеси за вработените, а не и ако задоцнила со плаќање на данок“, додава Рафајловски. За неколку дена треба да почне реализацијата на владиниот  проект „Македонија вработува“ Беа направени пакет законски измени за да стапи во сила проектот „Македонија вработува“, со кој според владините најави треба да се опфатат над 150.000 лица кои ги исполнуваат условите и би можеле побрзо да најдат работа. Спроед владините најави со овој проект, повозрасните лица ќе добијат можности да најдат работа во приватните компании, кои сега ќе имаат намалени трошоци за ангажирање работници. Владата очекува сега со овој пакет во период од една година, да се вработат околу 20.000 лица кои не оставруваат редовна плата и ќе добијат можност да се стекнат со работа. Министерот Диме Спасов смета дека илјадници луѓе полесно ќе најдат работа, и најави дека владејачката партија подробно ќе ги запознава граѓаните со ефектите. -Ќе разговараме за мерките кои ги спроведуваме во борбата за отворање на нови работни места, за привлекување на странски инвестиции, но и за значителни помош и поддршка за домашните компании да отворат нови работни места. Ќе разговараме за проектот „Македонија вработува“ кој започнува со реализација кон крајот на неделата, проект кој очекуваме значително да им помогне на илјадници граѓани побрзо и полесно да стигнат до работа, посочи Спасов. Со мерките сериозно олеснување ќе добијат компаниите кои ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси за вработување на лица од утврдените категории. - Овозможуваме олеснување кое може да се движи до околу 2000 евра годишно, односно 10.000 евра за пет години. Ослободување и намалување на трошоците за секоја приватна компанија која ќе вработи лица врз основа на овие мерки, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Со мерките се предвидува за вработување лица до 35 години компанијата да биде ослободена од плаќање социјални придонеси и персонален данок три години со обврска да го задржат вработеното лица уште една година. За вработување на лица од 35 до 50 години, фирмите ќе бидат ослободени пет години и обврска една година да го задржат невработеното лица, како и пет години ослободување за приватните компании за вработување лице над 50 години и за највозрасните над 58 години ослободување до стекнување услови за старосна пензија. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра