18 Мај, 2024
0.7401

МАКЕДОНКА ОД АВСТРАЛИЈА: Болна е сликата на изгорени домови, секој човечки живот е важен

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Иако сме далеку, живееме на Филип Исланд, воздухот мириса на пожарите, а пред два дена имаше и магла, вели Оливера Најдовска, Македонка која живее во Викторија, Австралија.

Сите се потресени од пожарите во кои изгореа домови,  шуми и огромен број животни. Неизвесно е што ќе се случува во наредните денови, а многу граѓани за празниците беа принудени да ги напуштат домовите.

„Пожарите во Викторија, Австралија, оваа година зедоа силен замав и опустошија повеќе од 10.7 милиони хектари земја, површина што е повеќе од Португалија или Јужна Кореја како што пишуваат некои портали. Досега во Викторија загинати се 3 лица од вкупно 27 во цела Австралија. Уништени се повеќе од 200 домови, а повеќе од 2.000 пожарникари и волонтери се борат со огновите. Моментално владеат преку 39 пожари во североисточниот и источниот дел од Викторија и граѓаните од овие краишта беа приморани да ги напуштат своите домови и да го спасат својот живот. Дел од нив мораа да заминат на крајбрежјето каде што со бродови беа однесени на безбедно место. Дел од граѓаните Новогодишните и Божиќните празници ги поминуваат кај своите блиски роднини и пријатели кои се далеку од опасната зона, а дел се во евакуирачки центри. Иако е мала концентрацијата на македонски иселеници во овој дел од Викторија сепак, секој човечки живот вреди без разлика дали е тоа некој наш иселеник или не. Болна е сликата на изгорени домови и посебно глетката на изгорени животни од кои највеќе кенгури и коали кои се од голема важност и дел од фауната на Австралија“, вели таа.

Додава дека климатските промени се забележуваат низ цела Викторија. На 200 км оддалаченост се чувствува чад во воздухот и загрозено е здравјето на лицата кои имаат проблеми со дишењето, постарите лица и бебињата.

„Ветерот и жешките бранови кои се прогнозирани за наредните денови се очекува да ги влошат пожарите. Советувано е секој граѓанин да ги следи известувањата од противпожарната бригада и веднаш да реагира“, рече  Најдовска.

Скоро половина милијарда животни изгореа во пожарите во Австралија. 

Пожарите во Австралија беснеат неколку месеци. Иако во последните денови падна дожд, тоа не е доволно да се спречи катастрофата. 

САД планираат да испратат уште најмалку сто пожарникари во Австралија, каде веќе 159 Американци се приклучија во гаснење на шумските пожари.

Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс обвини најмалку 24 луѓе за намерно подметнување пожари во таа држава. Како што е наведено во соопштението на полицијата, од 8 ноември полицијата презела законски мерки против 183 луѓе. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање