МАКЕДОНСКА НОВИНАРКА НАПРАВИ ПРИКАЗНА СО ЕДЕН ОД ЛИКВИДАТОРИТЕ НА РАДИОАКТИВНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО ЧЕРНОБИЛ - што се случуваше пред многу години со нуклеарната централа
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 15:05
Новинарката Крис Атовска од Слободен печат, која подолг период престојува во Украина и известува за тамошната состојба, на фејсбук објави емотивен пост за разговорот што го имала со Виталиј Алексеевич, еден од ликвидаторите на радиоактивниот материјал во Чернобил.
Разговорот со него таа ќе го преточи во новинарска приказна.
Еве го нејзиниот пост, кој таа го објави со заедничка фотографија.
„Долг и многу емотивен разговор со Виталиј Алексеевич. Еден од ликвидаторите на радиоактивниот материјал во Чернобил. Еден од ретките преживеани и заборавени од државата. Го најдов на крајот на градот Харков. Ми раскажа што се случувало тогаш и како освен таблета јод не добиле ништо друго. Ми раскажа како изгледале обидите да го однесе семејството на безбедно и какво е чувството да ја гледа својата ќерка без коса и во борба со болестите предизвикани од катастрофата. Какво е чувството да се гледаат другарите како умираат во агонија. Целата тага низ годините ја "чистел" пишувајќи поезија. Неговите стихови се најтрогателните што сум ги слушнала во животот.
Денеска, неговата мала куќичка е уништена од руското гранатирање, а освен една мала германско британска хуманитарна организација, никој друг не му помага. Тие дознале дека му е потребна помош преку еден војник кој се дружел со неговата внука пред да се отсели во Лондон. Кога го завршивме разговорот (со многу солзи), војникот се јави кај другарка му во Лондон и му го подаде телефонот за да се слушнат. Кога внука му го праша како е, тој и одговори со зборовите: До сега разговарав со една новинарка од Македонија и го имав најубавиот ден во последните 5 години.
Новинарката цел ден не престана да плаче од среќа што му го разубаве денот на овој старец и од тага зошто највредните луѓе се најзаборавени“, пишува Крис Атовска на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




