30 Декември, 2024
0.0263

Македонска премиера на целосно новиот Volkswagen Tiguan

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

·  Новата генерација на Volkswagen Tiguan е претставена со прогресивни технологии и харизматичен дизајн

·  Новите plug-in хибридни погони овозможуваат електричен опсег од околу 100 километри и брзо DC полнење

·  Новиот ентериер со јасно структуриран дигитален кокпит, инфозабавен екран, head-up дисплеј и копче за избор на искуство во возењето е лесен за употреба и се заснова на конкретни повратни информации од клиентите

·  Новиот адаптивен систем за контрола на потпирањето DCC Pro, технологија од премиум класата, обезбедува максимална удобност и врвна агилност

Volkswagen на македонскиот пазар го претстави целосно новиот Tiguan, во третата генерација на бестселерот. Во моментот Tiguan е еден од најуспешните модели на Volkswagen во светот. Повеќе од 7,6 милиони купувачи го избраа компактниот SUV од неговото деби во 2007 година. Новиот модел може да го разгледате во салоните на Volkswagen.

Новите технолошки достигнувања реализирани со MQB evo го подобруваат Tiguan практично во секоја област. Новите хибридни погони со целосно електричен досег од околу 100 km го прават овој SUV поефикасен од кога било досега. Дополнително, полнењето со наизменична струја ќе биде побрзо во сите верзии на eHybrid, а за прв пат стандардно ќе биде можно и брзо DC полнење.

Чисто дизајниран дигитален кокпит базиран на MIB4, модуларната инфозабавна матрица од четвртата генерација, нуди највисоко ниво на информации и носи дигитални услуги и апликации. Оперативниот концепт е дизајниран да биде максимално интуитивен. Дополнително, новите системи како што се функцијата за пневматска масажа за предните седишта или IQ.LIGHT HD матричните предни светла – кои се користат за прв пат во Tiguan – се добиени од премиум моделот Touareg. Новата адаптивна контрола на потпирањето DCC Pro ги оптимизира удобноста и динамиката. Најновата генерација на помош при паркирање го олеснува возењето во и надвор од паркинг местата.

Експресивен дизајн и подобрена аеродинамика.

Компактниот SUV доаѓа со целосно нов дизајн. Како особено впечатлива карактеристика, предниот дел на возилото има моќен изглед со многу рамни LED фарови и хоризонтална лента покриена со стакло. Отворите на решетката на ладилникот сега се наоѓаат на надворешните страни на браникот, каде што воздушните завеси обезбедуваат оптимално насочување на воздухот. Чисто дизајнираниот преден дел го нагласува фактот дека коефициентот на отпор е подобрен од 0,33 на 0,28. Оваа силуета се карактеризира со атлетски раменици над тркалата, кои пак се достапни во димензии до 20 инчи. Новата хоризонтална LED лента додава акцент на непогрешливиот заден дел на Tiguan.

Ново генерирање на дигиталниот борд компјутер и инфозабавен систем.

Внатрешноста на Tiguan се одликува со сосема нов концепт и дизајн. Се издвојува со високите стандарди на материјал и изработка. Покрај тоа, новиот дигитален борд компјутер е интуитивен за употреба, тесно интегриран и има чист и паметен дизајн. Модулите го вклучуваат новиот дигитален борд компјутер (дигитални инструменти со анти-рефлектирачки слој во формат на таблети), инфозабавен екран до 38 сантиметри (15 инчи) и има целосно нова структура на менито и графика, нов head-up дисплеј (проекции на ветробранот) и ново мултифункционално копче за избор на искуство во возењето со интегриран OLED дисплеј. Оваа нова ротациона контрола со свој мини екран може да се користи за контрола на профилот на возење, јачината на звукот на радиото или пак, за прилагодување на боите на амбиентното осветлување. Спротивно на тоа, бројните функции на возилото и инфозабавниот систем може лесно да се прилагодат со помош на говор со новиот гласовен асистент IDA.

Ефикасен опсег на погони.

Благодарение на MQB evo, во Tiguan може да се имплементираат различни типови на погони. На пример, ќе има турбо дизел мотори (TDI), турбо бензински мотори (TSI), благи хибридни турбо бензински мотори (eTSI) и plug-in хибридни системи (eHybrid), кои ќе се нудат исклучиво во спрега со автоматски менувач со двојна спојка ( DSG). Како кај ID.7 и новиот Passat, режимот на работа на менувачот во иднина ќе се менува со помош на изборник на воланот десно од воланот со интиутивен принцип на работа. Прекинувачот се врти нанапред во „D“ за да се вози напред и наназад до „R“ за назад, додека рачната сопирачка се активира со притискање на страничното копче на изброрникот. Сите модели на Tiguan дополнително имаат типтроник зад воланот.

Електронски контролирана опрема за возење за дополнителна практичност и динамика.

MQB evo обезбедува основа за нова генерација на опрема за возење. Покрај мноштво индивидуални мерки, Volkswagen ја обнови адаптивната контрола на потпирањето DCC со опционалниот DCC Pro со амортизери со два вентили. Новиот модел е стандардно опремен дополнително со Vehicle Dynamics Manager – систем MQB кој го имаше своето деби во актуелниот Golf GTI. Системот ги контролира функциите на електронските блокади на диференцијал (XDS) и страничните динамички компоненти на контролираните амортизери во системот DCC Pro. Специфичните интервенции на сопирање на тркалата и селективните промени во цврстината на амортизерот доведуваат до поголема удобност и подобрени перформанси за време на динамичните свиоци. Ова го прави управувањето со возилото постабилно, агилно и попрецизно.

Седишта за долги растојанија.

Новите ergoActive Plus седишта со пневматско четиринасочно лумбално прилагодување и пневматска функција за масажа со притисок со 10 комори се идеални за висококвалитетниот карактер на Tiguan. Дополнително, има и програмска функција за автоматско активирање на греењето на седиштата или вентилација на седиштата при одредени надворешни температури.

Нов бестселер на повидок.

Воден од исклучителните резултати на двете претходни генерации и надоврзувајќи се со целосно новиот дизајн и со врвните комфорни, безбедносни и погонски технологии, новиот Tiguan најавува рекорди во продажбата и уште едно поглавје во приказната за ултра-успешните модели на брендот Volkswagen.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Донација од „Астра Казино“ за штитениците од Домот за децата без родителска грижа „11 Oктомври“

Донација од „Астра Казино“ за штитениците од Домот за децата без родителска грижа „11 Oктомври“

Јанкуловска: Празниците се мигови на споделување, влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат

Јанкуловска: Празниците се мигови на споделување, влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – ДОНАЦИЈА ОД „SPORT LIFE”

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – ДОНАЦИЈА ОД „SPORT LIFE”

Успехот на компанијата е успех на целиот тим - „Макпетрол“ со бонуси за вработените

Успехот на компанијата е успех на целиот тим - „Макпетрол“ со бонуси за вработените

КОРУПЦИЈАТА Е ОГРОМЕН БЛОКАТОР НА РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА, ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА ГО ДВИЖИ СВЕТОТ, А ПОЧИТУВАЊЕТО НА СТАНДАРДИТЕ Е РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ

КОРУПЦИЈАТА Е ОГРОМЕН БЛОКАТОР НА РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА, ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА ГО ДВИЖИ СВЕТОТ, А ПОЧИТУВАЊЕТО НА СТАНДАРДИТЕ Е РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ

ВЕРО со поддршка на згрижувачките семејства – новогодишни подароци за секое згрижено дете

ВЕРО со поддршка на згрижувачките семејства – новогодишни подароци за секое згрижено дете