19 Јануари, 2025
0.0544

Македонска реалност: Државата дозволува децата со аутизам да се отпишуваат од училиште за да не „сметаат“

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Аутизмот останува под превезот на непознатото, без национален регистар и без конкретни институционални мерки и решенија. Лицата со ова нарушување како невидливи за голем дел од институциите. Од невладината организација „Аутизам ААМК“ се согласуваат со овој став, иако велат во последните две три години има мало придвижување благодарение на поголемата гласност на родителите во заедништво со невладините организации кои се борат секојдневно да покажат дека овие лица сѐ тука меѓу нас и сакаат да сѐ со нас.

Експертската јавност е сé погласна и бара  формирање на повеќе центри за заштита и рехабилитација на децата, младинците и возрасните лица со аутизам.


Никој не знае колку луѓе со аутизам има во Македонија

Без национална стратегија и регистар на точниот или барем приближниот број на овие лица, кои бараат соодветна грижа и внимание, Македонија останува без можност за намалување или барем ублажување на овој проблем. Тој во светот има епидемски размери и тенденција на зголемено појавување. Во земјава сите бројки се проценки и претпоставки.

-За жал тоа е еден од проблемите со кои се соочуваме но и кој сакаме да го решиме најбрзо што може. Кога би имало регистер на лица со аутизам тогаш мислам дека би било многу поедноставно државата во корелација со родителите па и невладините организации да превземаат соодветни чекори, на пример ќе се знае во државата каде има лица со аутизам и би се отворале центри во кои би им се пружале оние за нив и тоа како потребни услуги. Вака како да плутаме сите на едно море-вели за Фактор Денис Јанкулоски од невладината „Аутизам ААМК“ .

Образованието и понатаму е меѓу најтешките бариери за лицата со аутизам. Тие може да имаат уникатни вештини кои може да се искористат за да се произведе висок квалитет на работата, што ги прави да имаат предност за нивните работодавачи.

„Слушаме како државата често ги спомнува овие лица. Но за жал, сепак сметам дека најчесто на тоа и останува. Една од нашите заложби е да направиме што помасовна информираност па и обука на наставниот кадар за работа со лица со аутизам. Секојдневно комуницираме со нив и дознаваме дека тие, наставниците и тоа како сакаат да бидат обучени затоа што сакаат на вистинскиот начин да бидат со овие деца. Но нашата желба за ова може многу лесно да се оствари во соработка со државните институции бидејќи така ќе имаме видливи резултати. Треба да се обучи наставниот кадар, да се направат програми и модели со кои тие ќе ги образуваат децата со аутизам, односно ќе бидат адаптирани на нивната состојба. А тоа, според мене не е ниту многу тешко, ниту нешто огромно. Треба само волја, интерес и да се одвои време кое ќе биде сѐ само не изгубено“, додава Јанкуловски.

Тој смета дека луѓето стануваат се посвесни за аутизмот и тоа го радува.

-Влијанието врз аутизмот може да се однесува на подобрување на терапевтските третмани, зголемување на бројот на асистенти, дефектолози, логопеди и воопшто стручни лица кои им се неопходни на овие семејства. Она што ние како здружение во оваа една година на постоење го увидовме е дека луѓето стануваат посвесни за аутизмот како состојба, се интересираат да дознаат не само што е аутизмот туку и како да помогнат што многу ме радува затоа што на овој начин ние ги гледаме радоста, насмевките и среќата кај лицата со аутизам и нивните родители со што аутизмот полека но сигурно зачекорува на голема врата. Треба уште работа, но затоа ние сме тука-посочува Денис.

Предрасуди, неприфаќање, дискриминација-најболна точка во целата приказна... инклузија и свесност за нивно надминување

-Се уште постои дискриминација, предрасуди кон оваа состојба. И ден денес на се она што го дознаваме за аутизмот слушаме страшни приказни, барања од родители па и образовен кадар родителите да ги отпишат децата затоа што сметаат на настава. Но се тоа е резултат на незнаење па и страв од непознатото. Кога би одвоиле време, кога би запознале едно или повеќе деца со аутизам тогаш би виделе дека се во непотребен страв. И верувам дека дури и ќе влезат во светот на лицата со аутизам, кој верувајте е интересен и мистериозен-потенцира Денис од „Аутизам ААМК“.

Тој вели дека секогаш на прво место ја става свесноста дека постои аутизмот. Следствено доаѓаат почитувањето и прифаќањето.

„Кога сите ние би се запознале со оваа состојба тогаш би увиделе дека иако еден од основните проблеми со кои се соочуваат овие лица е социјализацијата односно комуникацијата сепак нашето прифаќање дека тие се само лица со аутизам многу ќе ја подобри нивната состојба. Впрочем ние како организација преку сите настани кои досега ги направивме тоа го гледаме и докажуваме. А последниот проект, нашата гордост, песната „Растеме заедно“ е одличен пример за инклузија“, додава Јанкулоски.

„Растеме заедно“ е проект наменет за овие лица, но во песната може секој да се пронајде. Јанкулоски открива дека нивната идеја била да им посветат песна која би била веројатно и химна. Песна во која ќе се опеат нивните вредности и квалитети, нивните можности, нивните прегратки и насмевки кои ги имаат за сите луѓе. Едноставно песна за љубовта.

„На наше огромно задоволство во проектот се вклучија многу луѓе, многу наши врвни уметници кои песната ја направија да биде радост.
Едноставно на едно место се собрани за мене врвот од музичката но и театарската уметност во заедништво со аутизмот. Тоа е она вистинското, токму ова сакаме да го покажеме, дека овие деца сакаат да бидат дел од општеството. Ние треба само да ги препознаеме, да им дадеме шанса да се изразат онака како што најдобро знаат и умеат. Само така животот ќе биде убав за сите. Едноставно треба само да „Растеме заедно“, заклучува Денис.


Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите