Македонската министерка во новата словенечка влада: Не сум член на партија, во Македонија не сум била откако има Ковид
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2022 10:15
Фото: Сиол нет
Емилија Стојменова, Македонката од Виница, која во новата словенечка влада ќе биде министерка за дигитализација, вели дека не членува на ниту една политичка партија, а новата функција ќе ја превземе на покана на словенечкиот мандатар Роберт Голоб.
Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, ќе биде дел од тимот на идниот словенечки премиер како експертка во полето на дигитални технологии.
„Со оглед на тоа дека сме и двајцата вонредни професори на Факултетот за електротехника, мојата работа и проекти ги познаваше од порано. Поканата да станам министерка во Владата на премиерот Голоб морам да признам дека ме изненади. Особено затоа што не сум член на неговата партија. Поканата беше добиена исклучиво врз основа на мојата мината работа. Покрај тоа, родена сум во друга држава. Во цела Европа сме само три такви министерки. Една во Шведска, една во Австрија и сега јас“, појаснува Стојменова Дух во разговор за Нова ТВ.
Идната министерка коментирајќи го односот со нејзината родна земја, вели дека за Македонија има големо место во срцето, како и за фамилијата, роднините и пријателите.
„Последен пат бевме сите заедно со сопругот и синот во Македонија во декември 2019. Само што се вративме од едно далечно патување имав некое чувство дека мора, макар за викенд да ги посетиме моите родители. Два месеца после тоа се случи пандемијата со ковид и од тогаш немаме дојдено. Најмногу ми недостасуваат родителите, роднините и пријателите. На моја голема среќа во Словенија живее и сестра ми и барем малку ми олеснува дека не сум сосема сама“, вели Стојменова Дух.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




