„Македонски“ јазик останува непроменет, но со фуснота
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 14:55
Според информациите на Канал 5, конечниот договор помеѓу Македонија и Грција се очекува да биде постигнат за еден месец, до средината на јуни, а непроменет единствено ќе остане јазикот за кој ќе пишува дека е „македонски“, но со фуснота.
Доколку се оди според планот, во следните неколку недели, со посредство на Нимиц, ќе се дојде до финалната верзија на текстот.
Во неговата основа е спорот да се реши со потпишување на Меѓународен договор, по примерот на договорот со Бугарија. Ова треба да се случи пред Самитот на ЕУ, за земјава да го добие долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите..
Како што е веќе познато, основата на решението ќе биде сложено име, најверојатно „Република Горна Македонија“, напишано одвоено и со превод на англиски. Тоа веднаш ќе биде меѓународно име на државата, запишано во Обединетите нации. По уставните измени, тоа ќе биде име за севкупна употреба. Графата за државјанство исто така ќе се потполнува со „Република Горна Македонија“.
Официјалниот јазик на државата ќе остане „македонски“, веројатно со објаснување дека станува збор за јазик од словенската група на јазици.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




