Македонски софтверски компании по бизнис во Германија
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2013
Oсум софтверски компании од Македонија ќе учествуваат на директни средби со компании од информатичката технологија од Германија, и ќе понудат можности за соработка. Состаноците ќе се одржана на 5-ти и 6-ти февруари во Дизелдорф, а ке учествуваат следниве компани: Артхаус, Итгма, ГОРД Системи, АСПЕКТ, Семос едукација, АСИ, СИМТ и Инет.
„Ние веруваме дека ефективните состаноци ќе предизвикаат понатамошни деловни преговори кои пак ќе вродат со продажба, нови партнерства и взаемна соработка. Македонските ИТ компании знаат дека инвестирањето во технологија, како и јакнење на капацитетите се клучни за нивната способност да се натпреваруваат, да растат и да бидат профитабилни во предизвикувачкиот глобален пазар“, изјави Кирил Миноски, сениор советник за промоција на извоз во ИДЕАС. Дводневниот настан е организиран од страна на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (Инвест Македонија) заедно со Македонската комора за информатички и комуникациски технологии, со поддршка од УСАИД и Проектот за инвестиции и промоција на извозот (IEP).