17 Декември, 2025
0.0985

Македонски Телеком бележи пад на приходите

Објавено во: Економија 21 Август, 2013 12:32

Добивај вести на Viber

Со намалување на нето добивката резултираа движењата на приходите и трошоците во првото полугодие од 2013 година за 39,5 отсто во споредба  со истиот период од минатата година, што резултираше во нето добивка од над една милијарда денари, се наведува во анализата на неревидираните консолидирани финансиски извештаи на Групацијата Македонски Телеком, објавена на Интернет страницата на Македонска берза. Во текот на првото полугодие на оваа година, приходите на ниво на Групација изнесуваат над 6,2 милијарди денари  што претставува намалување од 9,2 отсто во споредба со истиот период во 2012 година. Приходите од говорни услуги во фиксниот сегмент се намалија како резултат на  намалениот број на корисници на фиксна телефонија за 7,4 отсто во споредба со истото  полугодие од изминатата година, што резултираше во корисничка база од 274 илјади на  крајот од јуни 2013 година и намалување на појдовниот сообраќај за 18 отсто доаѓајќи до  износ од 292.471 илјади минути во првото полугодие од 2013 година. Меѓутоа, како што се наведува во анализата, „ Македонски Телеком“ успеа да ја одржи својата водечка позиција на пазарот со удел на  пазарот од 71 отсто (интерна проценка) во сегментот на фиксна телефонија и со удел на  пазарот на широкопојасен интернет од 53,1 отсто (интерна проценка). Приходите од интернет  и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за осум отсто во споредба  со првото полугодие од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите  резултираше во зголемен број на DSL корисници за 10 отсто, што резултираше во  корисничка база на DSL од 180 илјади корисници на крајот од јуни 2013 година. Македонски Телеком, со својата IPTV услуга, влезе како предизвикувач на пазарот што  веќе беше доминиран од страна на операторите на кабелски телевизии. Сепак, како  резултат на висококвалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство,  Македонски Телеком постигна зголемување на бројот на IPTV корисници за 58 отсто во  споредба со крајот на јуни 2012 година, при што бројот на корисници изнесуваше 80  илјади на крајот на јуни 2013 година. Опаѓањето на приходите од мобилна телефонија најмногу се должи на намалувањето на  приходите од говорни малопродажни услуги, главно како резултат на намалувањето на  базата на претплатници што резултираше со 1.198 илјади претплатници на крајот од јуни  2013 година. Освен тоа, просечниот приход по корисник (ARPU) се намали за седум отсто. Сепак, дури и со оваа силна конкуренција во цените, Т-Мобиле Македонија ја одржа  својата водечка позиција на пазарот со 48,1 отсто удел на пазарот (интерна проценка). На страната на трошоците, во првото полугодие од 2013 година оперативните расходи  остануваат релативно стабилни споредено со истиот период во минатата година. Анализата се однесува на неревидираните консолидирани финансиски извештаи  на Групацијата Македонски Телеком АД – Скопје која ги вклучува Македонски Телеком  АД – Скопје, Т-Мобиле Македонија АД Скопје и Фондацијата е-Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно