16 Декември, 2025
0.0385

Македонски Телеком и Т-Мобиле и во 2014 останаа на врвот на водечката позиција на пазарот

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2015 12:15

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и Т-Мобиле во 2014 година ја задржаа водечката позиција

Зголемени приходите од интернет и дигитална телевизија за 6,5 отсто 190,5 илјади корисници на DSL, што е пораст за 2,7 отсто Пораст од 12 отсто во делот на IPTV, 98 илјади MaxTV корисници на крајот на 2014 година.

Приходите од продажба на Групацијата Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија за 2014 година изнесуваат 11 милијарди денари.

Нето добивката е во висина од 880 милиони денари.

Македонски Телеком АД - Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот во 2014 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати согласно со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Продолжува трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги.

Приходите од продажба на ниво на Групација во 2014 година изнесуваат 11 милијарди денари, што претставува намалување од 11,3 отсто во споредба со 2013 година. Оперативните трошоци во изминатата година се намалени за 12,7 отсто во споредба со 2013 година, а вкупните капитални инвестиции во 2014 година изнесуваат 1,8 милијарди денари.

Од 2014 година е применлива нова легислатива, односно донесени се измени во Законот за добивка коишто значително влијаат врз висината на добивката на Групацијата. Нето добивката за 2014 година изнесува 880 милиони денари и е намалена за 55,8 отсто во споредба со претходната година. Добивката пред оданочување, којашто ги исклучува ефектите од даноците, се намали за 11,6 отсто во однос на 2013 година, што е резултат на намалените приходи коишто се делумно компензирани со намалените оперативни трошоци.

Македонски Телеком во 2014 година остана на лидерската позиција со пазарно учество од 63,8 отсто во сегментот на фиксната телефонија и удел од 50,8 отсто во делот на широкопојасниот интернет, според интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 13 отсто во споредба со 2013 година, со бројката од 237 илјади корисници, Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV во 2014 година се зголемија за 6,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Фокусот на double и triple play пакетите го зголеми бројот на интернет корисници.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави