13 Мај, 2024
0.0294

Македонски Телеком ќе се вклучи во акцијата „Час на планетата Земја“ 2016

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2016

Добивај вести на Viber

  • Утре на 19 Март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот ќе се исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје
  • Маѓар Телеком Групацијата во која влегува и Македонски Телеком, стана прва европска компанија целосно јаглерод неутрална

Македонски Телеком  повторно и оваа година ќе се вклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата. Во рамките на акцијата, Македонски Телеком утре на 19 Март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, односно во работните простории, во Телеком иновативниот центар, фасадното осветлување и светлечките реклами.

Климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално со години наназад е дел  од светската акција „Часот на планетата Земја“, со што ја покажува својата општествена одговорност и посветеност за заштита на човековата околина. Во оваа насока, како резултат на активните мерки за заштита на животната средина и климатските промени, Маѓар Телеком Групацијата во која влегува и Македонски Телеком, стана прва европска телекомуникациска компанија која што е целосно јаглерод неутрална.

За да се постигнат целите утврдени во Стратегијата за одржлив развој, Македонски Tелеком ја зголемува енергетската ефикасност преку примена на иновативни решенија во своето работење. Намалувањето на потрошувачката на електрична енергија Македонски Телеком го постигнува пред сè со воведување на нови современи телекомуникациски технологии, како што е проектот за модернизација на мрежата, базирана целосно на интернет протокол (All IP). Неколку инфраструктурни објекти се снабдуваат со соларна енергија, а со оптимизација на работниот простор дополнително се намалува потрошувачката на греење. Контролата на потрошувачка на електрична енeргија се прави и со воведување на систем за автоматско вклучување на светлата во работните простории, а во насока на заштита на животната средина, како потврда на сертификатот ISO 14001:2004, Македонски Телеком  пред неколку години ги замени хартиените сметки со воведување на електронска сметка за корисниците.

Со поддршката на акцијата „Час на планетата Земја“, Македонски Телеком не само што дава свој придонес во подигањето на свеста за климатските промени, туку ги поттикнува и останатите компании, поединци или организации активно да се вклучат во зачувување на здрава животна средина за идните генерациии.

Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е покренато од организацијата WWF (World Wildlife Fund), учествуваат 172 држави и е поддржано од светските метрополи.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН