28 Јуни, 2024
0.0278

Македонски телеком оствари 7.828 милиони денари приходи од продажба

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од првите девет месеци од 2016 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првите девет месеци од 2016 година изнесуваат 7.828 милиони денари, што претставува намалување за  0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Оперативните трошоци на крајот од првите девет месеци од 2016 година бележат зголемување од 2,8 отсто, споредено со истиот период во 2015 година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите  девет месеци од 2016 година изнесуваат 1.011 милиони денари.

Како резултат на горенаведените движења на страна на приходите и трошоците, нето добивката е во висина од 714 милиони денари, што претставува намалување за 26 отсто споредено со истиот период од 2015 година.

Според неревидираните финансиски извештаи, Македонски Телеком на крајот од првите  девет месеци од 2016 година успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 60,5 отсто според интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 12,6 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 219,6 илјади корисници Македонски Телеком на крајот од првите  девет месеци од 2016 година е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Базата на DSL корисници на крајот на првите  девет месеци од 2016 година бележи благо зголемување од 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 190 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет изнесува 48,2 отсто, според интерните податоци.

Како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното тв искуство, Македонски Телеком оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно со IPTV услугата. Во првите  девет месеци од 2016 година, бројот на MaxTV корисници изнесува 106,7 илјади што претставува зголемување од 6,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа, Македонски Телеком има 25,7 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен интернет и дигиталната телевизија преку интернет протокол на крајот од првите  девет месеци од 2016 година се зголемија за 2,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Во мобилниот сегмент, Македонски Телеком има удел од 49,6 отстo, согласно интерната проценка. Базата на претплатници на крајот од првите  девет месеци од 2016 година изнесува 1.281 илјади претплатници и е зголемена за 3,7 отсто во однос на истиот период од претходната година  кога изнесуваше 1.235 илјади претплатници.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите  девет месеци од 2016 година се намалени за 6 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, намалените приходи од говорен роаминг и од при-пејд, како и помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици.  Следствено, просечниот приход по корисник е намален за 3,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни мобилни услуги се зголемени за 17,4 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели. На крајот од првите  девет месеци од 2016 година, приходите од системска интеграција и ИТ се зголемени за 8,9 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година, поради зголемените приходи од ИКТ проекти, Cloud Computing услугите и други интегрирани решенија за бизнис корисници. 

Можеби ќе ве интересира

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Која битолска фирма тргнува во инвестициска офанзива вредна 2,5 милиони евра?

Која битолска фирма тргнува во инвестициска офанзива вредна 2,5 милиони евра?