19 Декември, 2025
0.0478

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во првите девет месеци на 2022 година

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2022 14:46

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во првите девет месеци на 2022 година 

Македонски Телеком во првите девет месеци од 2022 година оствари раст и ја потврди лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 5,5 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 8,8 милијарди денари. Сепак, ефектите од глобалните економски трендови и зголемувањето на цената на електричната енергија влијаеа врз оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), која е намалена за 3,7% во споредба со истиот период од претходната година. 

Зголемен пристап до 5G и оптичка мрежа

Првата и најголема 5G комерцијална мрежа во Македонија сега е достапна во 26 градови и нивните околини, а во поголемите градови и со гигабитни брзини. Компанијата интензивно и посветено инвестираше и работеше на терен и го оставари предвидениот план до крајот на 2022 година да им овозможи на корисниците широк пристап до технологијата на најновата генерација.

Паралелно со мобилната расте и се развива оптичката мрежа. На крајот на првите девет месеци на 2022 година, овозможени се повеќе од 267 илјади пристапи до оптика што е за 11 % зголемување споредено со истиот период од претходната година. 

Лидер на ТВ пазарот 

Македонски Телеком останува лидер на пазарот на ТВ услуги со удел од 34%. Атрактивната понуда на MaxTV содржини и уникатното ТВ искуство придонесуваат за континуирано зголемување на бројот на корисници. Во првите девет месеци од 2022 година се бележи зголемување за 1,8 отсто со што вкупниот број на корисници е 147,6 илјади. 

Раст во сегментите: интернет и мобилни услуги

Континуираниот раст продолжува и во мобилните и интернет услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 202,9 илјади, а за 3,5 отсто зголемен е вкупниот број на интернет пристапи. 

Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 6,9 отсто, со што бројот на корисници достигна 1.3 милиони. И во фиксната телефонија остануваме на лидерска позиција со 226,5  илјади корисници. 

Забрзан раст во ИКТ сегментот

Продолжува трендот на забрзан раст и користење на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што ги зголеми приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 67,7 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Позитивниот тренд во ИКТ сегментот се должи на зголемените приходи од ИКТ проекти, како што е паметен град. 

Македонски Телеком

press@telekom.mk


Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза