19 Декември, 2025
0.0389

Македонскиот топ модел Катарина Ивановска формираше хуманитарна фондација

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2014 14:56

Добивај вести на Viber

Македонскиот топ модел со интернационална кариера Катарина Ивановска, која успешно работи низ целиот свет, својата желба да помага на други луѓе реши да ја институционализира. Таа иницијатива резултираше со формирање на „Катарина Ивановска Фондација“. Фокус на фондацијата ќе биде поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства. Токму оваа група дечиња е предмет на работењето на новоформираната фондација која има за цел да помогне директно и индиректно во решавањето на нивните проблеми. Хуманитарно здружение ќе дава морален и материјален придонес на оваа ранлива категорија граѓани во нашата земја. „Желбата за помош и поддршка на дечиња од социјално загрозени семејства ја носам во себе подолго време и таа ме поттикна да го реализирам овој проект - да формирам сопствена фондација. Моите соништа да станам успешна во она што го работам се остварија. Токму затоа, сега кога е момент да уживам во она што го создадов и имам 25 години, одлучив дел од сопственото време да го посветам на филантропски активности од ваков тип. Сѐ работам со огромна љубов и секогаш пронаоѓам начин преку иновативни идеи да ги реализрам зацртаните цели. Оттука, верувам дека со една посветена и плодотворна работа ќе успеам да и помогнам на оваа група семејства. Длабоко сум уверена дека оваа моја иницијатива ќе ја препознаат сите добри и хумани луѓе, деловното опкружување и инситуциите во Република Македонија.“, изјави Катарина Ивановска. Катарина Ивановска ја најави и својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“. Дел од оваа колекција потпишана од Катарина Ивановска ќе биде пласирана за продажба од мај на локации во кафе-баровите „Концепт 37“ и „Калдрма“ во Стара Чаршија. Истовремено, дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтерсирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај, годинава. Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети во „Катарина Ивановска Фондацијата“.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза