Македонските лекари заминуваат во Тексас, Тодоров им договорил обука
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013
Повеќе македонски лекари и медицински работници ќе отпатуваат во Тексас каде што ќе се обучуваат на Медицинскиот факултет. Меморандумот за соработка е потпишан за време на посетата на македонскиот министер за здравство Никола Тодоров на повече медицински дентри во САД.
Меморандумот ќе се фокусира на следните медицински области: кардиоваскуларна хирургија, неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија и педијатрија.
„Ова значи дека рамката на меморандумот овозможува македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, можности за научна надградба кои ги нуди Медицинскиот факултет на Универзитетот на Тексас, како и проширување на соработката со другите здравствени установи на Медицинскиот центар на Тексас во понатамошната соработка“, информира Министерството за здравство.
Медицинскиот центар во Тексас важи за еден од најголемите медицински центри во САД, а составен е од 54 здравствени институции.