17 Мај, 2024
0.0324

Македонско-Индонезиски бизнис форум во Скопје

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Трговската размена меѓу Индонезија и Македонија е добра и е слична како и со сите земји од Источна Европа, но сепак постои можност за нејзино унапредување, оцени директорот на Индонезискиот центар за трговска промоција, Русмин Амин на денешниот бизнис форум во Стопанската комора на Македонија.

- Нашата мисија е да направиме мостови меѓу бизнисмените од Индонезија и Македонија. Затоа ве повикувам да земете учество на „Трејдекспо Индонезија 2013“, најголемиот саем во Индoнезија и во Југоисточна Азија што ќе се одржи од 16 до 20 октомври во Џакарта. Ние ќе ви обезбедиме бесплатен превоз од аеродромот и две ноќевања во хотел со пет ѕвезди во Џакарта, им порача Амин на присутните македонски бизнисмени на форумот.

Лани, како што рече, на саемот имало 1.000 излагачи и се направил промет од една милијарда долари, а годинава се очекуваат околу 2.000 излагачи и промет од две милијарди долари. Саемот лани го посетиле 5.000 потенцијални купувачи, а годинашното издание се очекува да го посетат 10.000 купувачи.

Тој истакна дека има многу индонезиски текстилни компании заинтересирани за соработка со македонските компании од областа на текстилот кои произвоедуваат со нанотехнологија. Голема можност за соработка има и во областа на есенцијалните масла и накитот.

Љупчо Величковски од МЗТ Комерц, кој два пати го посетил саемот во Џакарта, рече дека станува збор за саемска манифестација за извозно ориентирани фирми од Индонезија, на која сепак има можност да се склучат договори за увоз на стоки од Македонија.

- За таа цел неопходно е претходно да се обезбедат контакти со нивните претпријатија кои би биле заинтересирани за увоз на стоки од Македонија. Тоа може да се направи преку амбасадата на Индонезија во Будимпешта и Индонезискиот центар за трговска промоција со седиште во Будимпешта, рече Величковски.

Јосиф Јордановски од МЗТ ЕКА, која произведува мерна и испитна опрема за тестирање на железнички и транспортни возила, го презентира нивното позитивно искуство од соработката со индонезиските компании. Нивната фирма, како што кажа, успеала да добие тендер во Индонезија за доставување на 21 испитна машина.

Индонезија е земја со површина од 1,9 милиони километри квадратни и 242 милиони жители. Има БДП  од 1,2 трилиони американски долари, приход од 4.944 долари по глава на жител и годишен раст од 6,2 отсто.

Трговската размена меѓу Индонезија и Македонија лани изнесувала околу четири милиони долари од кои 3,6 милиони се индонезиски извоз во Македонија, а останатите 390.000 долари отпаѓаат на увоз.

Индонезија најмногу од Македонија увезува тутун, текстилни призводи и машини, а најмногу извезува јаглен, кафе и палмино масло.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар