17 Мај, 2024
0.0304

Македонско-турски бизнис форум

Објавено во: Економија 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Бизнисмени од турската Стопанска комора Бергама денеска на средби со стопанственици од македонската Стопанска комора и на бизнис-форум разговараа за можностите за соработка преку склучување договори и инвестиции. Присутни се претставници на фирми од повеќе сектори, меѓу кои голем број од градежништвото кои сакаат да инвестираат во Македонија, информира Фикрет Урпер, претседател на Стопанската комора на Бергама.

Стопанствениците од Бергама во Македонија од вчера веќе имаа средби со претставници на компании од Сојузот на стопански комори, а го посетија и кавадаречкиот регион каде ги разгледаа потенцијалите за соработка и инвестирање.

Според Урпер, во Македонија забележале голем подем и развој за чие продолжение, како што вели, мора да има и вложување на странски капитал.

- Зошто и ние да не бидеме еден дел од тој странски капитал што ќе дојде во Македонија? Нашиот интерес е подобрување на трговската размена и што поголем број средби и контакти за конкретна соработка. Од градежниот сектор имаме голем број претставници кои настојуваат да вложуваат во Македонија, рече Урпер.

Трговската размена  меѓу Македонија и Турција изнесува околу 400 милиони долари со дефицит на македонска страна. Во Турција на годишно ниво се извезени производи во износ од 80 милиони долари, а се увезени со вредност од 320 милиони долари.

Од Стопанската комора на Македонија и од трговското одделение на Турската амбасада во Скопје велат дека постојано работат на промоција и поттикнување на потенцијалите на македонското и турското стопанство и што поголема соработка помеѓу нив.

По посетата на Стопанската комора од Бергама во октомври ќе пристигнат уште две делегации со турски стопанственици, а од почетокот на годинава престојувале 10. Лани трговското одделение на Турската амбасада организирала посети на 23 делегации со турски бизнисмени, соопшти Шенол Туркјилмаз.

Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија истакна дека еден од приоритетите на Комората е да се отворат нови можности за соработка на македонски компании. Од домашните компании секогаш има интерес за вакви средби, а за денешните се пријавија 30.

- Од страна на турските стопанственици има голем интерес и се надевам дека во иднина соработката ќе биде поголема и ќе има конкретни резултати од средбите, рече Аризанковска. Наш приоритет, додаде, е да ја зголемиме конкурентноста на нашите членки

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија