19 Декември, 2025
0.0574

Македонското кредитно биро нуди сопствени извештаи за физички лица по промотивни цени со цел брз и лесен увид на сопствената изложеност

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2021 10:10

Добивај вести на Viber

Сезоната на одмори е пред крај, а летните одмори сами по себе знаат да бидат причина за оптеретување на буџетот на Вашето семејство. Многумина се задолжуваат во банките преку наменски кредити или брзи кредити, кои потоа може да претставуваат проблем. Септември е месецот на нови почетоци и нови финансиски задолжувања.

МКБ – Македонското кредитно биро е финансиска институција која преку нејзината единствена и ажурирана база на податоци им помага на сите физички и правни лица да се грижат за сопствената кредитната изложеност. Преку сопствените извештаи секој од Вас на едноставен и брз начин може да има целосен увид на сите обврски со што може да се спречи евентуално презадолжување, а со тоа и да се избегнат дополнителните трошоци.

Сопствениот извештај е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските, и тоа: обврски по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, како и податоци за блокада на трансакциска сметка со детали за секоја блокада поединечно.

Во месец септември Македонското кредитно биро нуди одлична понуда за сите физички и правни лица да направат увид во својата изложеност по промотивна цена.

Како финансиска институција нашата цел е да ги промениме навиките на нашите сограѓани и финансиски да ги едуцираме со цел да внимаваат на своите кредитни или други задолжувања и обврски. За таа цел, во месец септември направивме одлична понуда како би им овозможиле на сите наши граѓани брз и лесен увид во сопствените задолжувања по сите основи и ги повикуваме да креираат профил на нашиот портал:https://moj.mkb.mk/ или пак да се обратат во некоја од комерцијалните банки со која имаме склучено договор за продажба на сопствените извештаи (Централна Коперативна банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје). Овие финансиски извештаи се дел од секојдневните навики на луѓето насекаде низ светот преку кои постојано имаат увид во сопствените задолжувања.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА