Макрадули: Опасна игра на Груевски
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017
Македонија мора да се подготви за мирно примопредавање на власта, а она што сега Никола Груевски го најавува е многу опасно сценарио, вели за Фактор, поранешниот пратеник Јани Макрадули. Макрадули коментирајќи ја последната изјава на Груевски, во која тој го повикува народот да ја одбрани унитарноста на државата посочува дека повторно со манипулации, скриен зад народот сака да се одржи на власт.
“Иако на прв поглед е патетична, ова е опасна игра на Груевски. Многу опасна. Не може да се помири не само со одењето во опозиција туку и со соочување со правдата. Како што владееше со манипулации, така сака и да се оддржи, непознати странски центри, непознати комбиња, ништо конкретно, само маниупулации за куражење на заблудените членови на ВМРО-ДПМНЕ,изјави Макрадули за Фактор.
Според Макрадули, очигледно е дека Груевски се подготвува за тензии, што неколкупати беше потенцирано и во партиските соопштенија, но затоа изминатите два дена стигнаа и јасни пораки од ЕУ и НАТО.
„Бидејќи јасно е дека се спрема и подготвува за немири, доаѓаат јасни сигнали од ЕУ, а вчера стигна јасна порака и од НАТО, заклучува Макрадули.