19 Декември, 2025
0.0605

Макстил - општествено одговорна компанија на годината, признание од Општина Гази Баба

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2022 15:44

Добивај вести на Viber

Макстил е прогласена за општествено одговорна компанија на годината од страна на Општина Гази Баба. Плакетата беше доделена на Свечената академија по повод одбележувањето 46 години од основањето на Општина Гази Баба, а се доделува за големиот придонес што компанијата го има направено во подобрување на состојбите во општината и за спроведени активности кои директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните.

Признанието за општествено одговорна компанија на годината Макстил го доби за успешната соработка со општината и покажаната општествена одговорност преку бројните проекти и донации за локалната заедница и за граѓаните на Гази Баба. Донацијата на првиот мултифункционален парк со детско игралиште и опрема за вежбање на површина од 2000 м2 е најновиот од низата донаторски проекти. Дел од ангажираниот однос на компанијата кон општината се и донацијата на таблет компјутери, изградба на летниковец во парк шумата Гази Баба, раззеленување на повеќе локации во општината, меѓу кои археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари, Неолитско село, (населба Ченто), потоа во Паркот на 12те Апостоли и Меморијалниот парк на Горан Стоименовиќ, како на основните училишта „Стив Наумов“ и „Григор Прличев“. Исто така, Макстил како општествено одговорна компанија ги поддржува и иницијативите на општината што претставуваат општо добро за граѓаните, како хуманитарната акција „Биди општествено одговорен - ДОНИРАЈ”, преку донација на 100 пакети со храна за социјално загрозени категории на семејства и граѓани. Макстил и понатаму ќе продолжи да ја поддржува општината преку низа проекти и активности со кои сака да даде позитивен пример, а за овој месец компанијата најави дека планира повторно садење садници и раззеленување на општината.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза