15 Јануари, 2025
0.0452

Макстил со пад на добивката за 30% лани

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

За 30% е намалена добивката на Макстил минатата година во споредба со 2011, покажуваат податоците од финансискиот извештај објавен на Македонската берза. Според извештајот, минатата година добивката на компанијата изнесувала 4,25 милиони денари за разлика од 2011 година кога изнесувала 6,12 милиони денари. И покрај неповолните услови за работа, позитивните финансиски резултати од компанијата ги објаснуваат со финансиска интервенција на своите принципали. „Макстил во вакви сложени услови на стопанисување е принуден да врши измени во нормалниот режим на работење со воведување на мали производни кампањи заради рационализација на трошоците. Ваквите адаптации се истовремено неопходни заради подготвеноста да одговори на нарачките со краток рок на испорака што денес во вакви услови на работење станува производен императив. На овој начин компанијата обезбедува континуирано присуство на регионалниот и светскиот пазар со цел максимално исполнување на потребите и очекувањата на купувачите, акционерите, вработените и добавувачите, притоа делувајќи како општествено одговорен правен субјект, се вели во соопштението на компанијата. Анализата на податоците покажува дека приходите од продажба на Макстил минатата година се намалиле за 24,1 отсто во однос на 2011 година. Лани приходите од продажба изнесувале 5.180 милиони, а во 2011 година биле 6,827 милиони денари. Пад на приходите од продажба има и на домашниот, но, многу повеќе на странскиот пазар. Намалување има и кај вкупните расходи на компанијата кои во споредба со истиот период од 2011 година се намалени за 31,1%. „Исклучително тешките деловни услови извршија силно влијание врз постигнатите резултати на Макстил во 2012 година. На главните извозни пазари на компанијата општата деловна клима и понатаму е неповолна што резултира со намалување и одложување на инвестициите во јавниот сектор, како и со намалување на општата деловна побарувачка. Намалената побарувачка на овие пазари беше проследена и со намалување на цените на топловаланите лимови. Од друга страна, цените на влезните материјали не ја следеа динамиката на намалување на цените на готовите производи. Сепак, и во вакви услови, компанијата, во тесна соработка и координација со своите принципали, успеа да оствари позитивни резултати и покрај намалувањето на обемот на производството и продажбата. Компанијата соопштува дека обемот на продажба во лани бил 223.122 т. Што е за 36,3% помалку од 2011 година кога биле реализирани 350.422 т.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања