МАЛ БРОЈ, А ГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ: Колку странски компании има во ЕУ?
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 16:50
Само еден процент од компаниите што работат на пазарот на Европската Унија во 2023 година биле на странски сопственици. Повеќе од половина - 60 проценти - биле контролирани од матични компании или институции од други земји од ЕУ, додека 40 проценти биле контролирани од компании и институции надвор од земјите-членки на ЕУ, објави Евростат.
Во Луксембург, компаниите под странска контрола сочинуваат 28 проценти од сите компании, што е највисок удел меѓу земјите од ЕУ.
Естонија следи со 11 проценти. Во сите други земји од ЕУ, според Евростат, компаниите под странска контрола претставувале пет проценти или помалку од сите компании, со удел што се движи од 0,3 проценти во Полска и Италија до пет проценти во Хрватска.
„Иако нивниот број е мал, придонесот на претпријатијата под странска контрола во економијата на ЕУ во однос на вработувањето и, особено, додадената вредност е значаен“, истакнува Евростат.
Според официјалната европска статистика, овие компании вработуваат 16 проценти од сите вработени во Европската Унија и заедно генерираат речиси една четвртина од вкупната додадена вредност во економијата на ЕУ, односно придонесуваат со 24 проценти во БДП.
Меѓу земјите од ЕУ, додадената вредност на претпријатијата контролирани од странство беше највисока во Ирска (71 отсто), Луксембург (61 отсто) и Словачка (50 отсто).
Спротивно на тоа, најмал удел на додадена вредност е забележан во Франција (15 отсто), Италија (17 отсто) и Грција и Германија (по 18 отсто).
„Кога станува збор за вработени и самовработени лица, претпријатијата контролирани од странство учествуваа со 45 проценти од работните места во Луксембург и 28 проценти во Словачка и Чешка. Спротивно на тоа, тие учествуваа со 10 проценти од работните места или помалку во Грција (8 отсто), Кипар и Италија (по 10 отсто)“, објави Евростат.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




