Добивај вести на Viber
Европска земја во која најмалку се работи, а најдолго се живее e Луксембург.
Магазинот „Травел“ пишува дека најдобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот има во Луксембург. Тие ги зеле предвид просечниот број на работни часови неделно, бројот на денови за одмор, процентот на жители што немаат проблеми со спиењето, просечниот животен век и чувството на среќа кај испитаниците. Луксембург е на прво место, исто така благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со повеќе денови за одмор како што стареат. Така, работниците постари од 55 години во Луксембург имаат просечно 36 дена платен годишен одмор. Просечната плата во Луксембург е 5.000 евра, а повеќе од 65 отсто од луѓето имаат сопствен автомобил. Иако земјата има само 600.000 жители, квалитетот на животот таму е исклучително висок. На второто и третото место се најдоа Австрија и Данска. На вработените им е дозволено да имаат најмалку 25 дена платен одмор годишно.
foto Wikipedia/Michał Jaroszczyk