17 Септември, 2024
0.0265

МАМЕЊЕ НА ТУРИСТИ: Ова е најголемата антиреклама што самите на себеси си ја правиме

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

И ова лето во медиумите имаше поплаки дека таксистите во Охрид наплаќаат поскапо од реалната цена, со што ги мамат странските туристи. Поплаки имало и за обиди за измама, односно наплаќање на повисока сума и во угостителски објекти. Скоро во јавноста се појави таков пример со непријатно искуство на холандски турист во Скопје. Сето ова придонесува за лош имиџ и му штети на туристичкиот сектор.

„Антиреклама е тоа. Во сите ресторани има телефон на Државен пазарен инспекторат, секој патник од Европската Унија(ЕУ) е свесен дека постојат такви институции и треба да ги побара. За таксистите во Охрид треба општината и полицијата да се погрижат. Не се справуваме најдобро, тоа е лоша реклама. Ми кажувале многу често дека таксист не сакал да ги вози на кратка релација, ги однел до хотел, им земал повеќе пари, не било по таксиметар. Земаат паушални цени. Свеста треба да работи, но и органите. Даваме материјал на конкурентите да нè посрамотат. И на Матка за викенди е хаос, полицијата треба да поведе ред за паркирање. Треба да си постават нормативи“, вели Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи.

Живееме во време кога негативните или позитивните коментари оставени на интернет се многу важни за луѓето кои уживаат да патуваат.

„Во туризмот тоа што ќе го посадиш го жнееш по одреден период. Ние жнеeвме тоа што го посадивме, ама тоа се потроши. Големиот бран го прaват турските туристи. Ако се направи споредба со Србија, со Албанија, ние сме последни. Албанија е апсoлутен бум. Ние не го искористивме тој момент. Има негативно влијание тоа што градот Скопје е валкан, луѓето не можат да поверуваат на сета негрижа која ја гледаат, но тоа се условите. Апелираме секој да си ја врши својата работа. Огромен одраз има сметот, секој ден е сè поголем проблем, во градовите, во центарот. Државата, системот треба да го санкционира таквото однесување со измамите, не може такви ситуации да имаме. Ние имаме проблем што цените итаат кон европските, а далеку сме со квалитет, тоа мора да го признаеме. Тоа создава гнев. Само неколку такви коментари на интернет можат да ја срушат комплетно дестинацијата. Штетата е на цел сектор. Туризмот обединува минимум 15 гранки. Не правиш штета на една гранка, правиш на други 15 економски гранки. Поединци го користат тоа што системот не функционира. Тие непромислено прават лоша промоција“, објаснува Влатко Сулев, туристички работник и претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.

Вели дека треба да се угледаме на соседите. Соседна Албанија доживува бум на планот на туризмот. Во првата половина од годинава Албанија од туризмот остварила рекорден приход од 1,9 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони странски државјани, со зголемување од 34 отсто во однос на истиот период лани.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/hellonijhumlaila

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината