Маричиќ ги потпиша договорите: Седум фирми ќе ги преведуваат актите на ЕУ
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2022 11:50
Денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ги потпиша договорите со седумте економски оператори кои се ангажирани дополнително да ги преведуваат актите на Европската унија на македонски јазик.
Досега преводите редовно ги извршуваше Секретаријатот за европски прашања, но по првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ преку јавен повик се ангаќирани уште седум фирми кои со своите преведувачи ќе треба да помогнат.
„Денешното официјализирање на соработката со економските оператори, во еден од клучните делови за нашата успешна евроинтеграција на земјата, а тоа е преводот на правните акти на Европската Унија, доаѓа во вистинско време кога ги отворивме преговорите со Унијата и кога мораме уште поинтензивно да работиме на усогласеноста на нашето националното законодавство со правото на ЕУ“, објави Маричиќ.
Преводот на правото на ЕУ претставува обврска за секоја земја која ќе ги започне преговорите со Брисел.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




