Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик: Тоа не беше иницирано од ДУИ
Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 12:02
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека свирежите за време на „Peace Festival“ или фестивалот на мирот на плоштадот Скендербег во Скопје не биле иницирани од политички субјекти.
Организатор на фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор беше Министерството за политички систем, а дел од публиката беше изреволтирана кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори на македонски.
„Провокации и обиди за дестабилизација имало и секогаш ќе има, но за разлика од пред пет години, денес тие ниту се иницирани, ниту се провоцирани, ниту се поддржани од кој било чинител од власта. Ние сигурно чекориме кон ЕУ, разумно, одлучно, со почит кон нам различните и во договор со нашите сограѓани, пријатели, другарки и другари, припадници на сите етникуми во нашата земја, дека нашиот пат напред е еден и заеднички. Со заемна поддршка ќе ги надминеме сите предизвици на овој пат, амбициозно и без застанување кон остварување на полноправното членство во Унијата“, гласи објаснувањето на Маричиќ дадено за ДВ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




