МАРЈАН ЃОРЧЕВ: Бугарија нема да отстапи од барањата, останува да чекаме ЕУ да го промени одлучувањето со консензус и да почнеме достоинствено да преговараме
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022 18:40
Сосема е очигледно е дека Бугарија е задоволна од тоа што е предлогот на француското претседателство на ЕУ, оценува поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев.
Ова Ѓорчев го кажува во изјава за Канал5.
„Она што беше усвоено вчера од бугарскиот парламент беше и очекувано, бидејќи како што спомна и еврокомесарот за проширување, Вархеи, дека францускиот предлог ги содржи сите бугарски барања, сосема е очигледно дека Бугарија е задоволна со тоа што е предложено. Оттука нас ни преостанува, бидејќи преговарачката рамка де факто не го содржи преговарачкиот пакет 4 плус 1, ама де јуре сме упатени да го потпишеме двостраниот протокол, кој исцело ги содржи сите бугарски барања, дури и некои нови кои беа навестени вчера во бугарскиот парлмент. Така што јас не очекувам дека ние наскоро ќе можеме да се усогласиме до крајот на француското претседателство и ќе треба да продолжиме по нашиот пат, да го користиме инструментот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, она што ни преостанува како наша европска траекторија и да почекаме ЕУ да ги промени правилата на блокадни механизми преку консензус и да можеме достоинствено и со чест да почнеме да преговараме со ЕУ на начин како што сите други држави преговараат со ЕУ“, рече Ѓорчев.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




