Марјана знае што е Гуте Фрухте! Дознајте и Вие!
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2014 09:52
Листата на познати личности кои прекрасниот вкус на Гуте Фрухте веќе ги освои, ја дополнија убавата Марјана Станојковска, која за потребите на кампањата ќе го освежи својот германски јазик (ќе видиме што ќе зборува на германски во некој од рекламните спотови) и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски кој на задоволство на сите нас, повторно ќе може да го видиме на тв екраните, а за прв пат во ваква улога. Тие ќе продолжат и натаму да бидат бренд амбасадори на сокот и ќе се најдат и во многу интересни рекламни кампањи за истиот во иднина, во продукција на Еден на Еден (www.edennaeden.mk) како агенција.
“Не можам многу да откривам, интензивно учам германски, ќе дадам се од себе да биде се како што треба. Сигурна сум ќе ве изненадиме многу позитивно” – изјави Марјана. Таско додаде дека едвај го чека Гуте Фрухте хуманитарниот настан кој ќе се организира наскоро и во кој Марјана и други познати личности ќе играат одбојка на плажа. “Само да не ме терате и мене да играм. Јас ќе судам или ќе коментирам. Опремата сигурно подобро ќе и стои на Марјана” – низ насмевка прокоментира популарниот Таско.
За поздравување е и потегот кој го соопшти Жаре. Имено, Тотал Брендс, ексклузивниот застапник на Гуте Фрухте за Македонија ја подржа хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна со донација на речиси еден тон производи.
Наскоро започнува и промотивната кампања. Бидете внимателни бидејќи тргнува карванот на Гуте Фрухте, а внимавајте и следниот пат кога ќе одите во најблискиот маркет. Пронајдете го Гуте Фрухте и уверете се зошто ние веќе испазаривме неколку пакети! За пофалба е дека во првите месеци од стартот на продажбата, сокот ќе се продава по исклучително поволна промотивна цена.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




