Маркет операторите на Балканот работат на усогласување на механизмите за балансна одговорност
Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2014 14:57
Оператори на пазар на електрична енегија од пет држави од балканскиот регион разменија искуства за практиките за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија. Сите учесници ја потенцираа потребата од постоење на заеднички пазар на електрична енергија за балансна енергија, е заклучок од работната средба што се одржа овие два дена во Скопје во организација на Енергетската заедница, чиј домаќин беше Операторот на пазар на електрична енергија што работи во состав на МЕПСО. На дводневниот состанок учествуваа претставници на маркет-операторите на Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.
Претставници на маркет операторите од државите од нашиот регион разменија искуства за: легислативата, балансната одговорност на учесниците на пазарите за балансна енергија, методите за пресметки на дебаланси, утврдување на цените за дебаланси, финансиските порамнувања, пресметките и други теми поврзани со оваа материја.
На дводневниот состанок со презентации за нивоата и активностите за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија се претставија маркет-операторите на Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и на Косово, а своја презентација имаше и претставник на Енергетската заедница.
Енергегетската заедница е интернационална организација за енергетски политики со седиште во Виена, Австрија. Нејзини членки се државите од Европска унија од една страна и Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија се договорни страни.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




