23 Ноември, 2024
0.0308

Марковски за Филипче: Сигурен сум дека веќе не можете да се носите со оваа пандемија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче го преспал летото, пишува на Фејсбук, доктор Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој му се обрати на Филипче, на, како што вели Марковски, невистинските тврдења поткрепени со потсмев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Паметите ли дека сите заедно ( цел народ) Ве поддржуваше во почетокот и на секоја ваша изјава (ги имаше по две секој ден) се радувавме како на дете што го направило првиот чекор, надевајќи се и верувајќи дека како држава ќе излеземе подобро од сите. На бројни настапи и јас се обидував да помогам најдобронамерно, не затоа што сум најпаметен, туку поради чувство на патриотски долг кон татковината која се соочува со голема опасност, респираторна болест за која јас ( но и јавноста) сметав дек можам да помогнам поради мојата супспецијалност во работа со респираторни инфекции. Во тоа време направивте дрим тим за пресадување на срце, па си викавме кај да е сега ќе направи и дрим тим за справување со пандемијава. Но као поминуваше времето се појасно стануваше дека освен вашата речитост поткрепена со ПР агенции дека не сте многу расположен за вистински резултати. Многу бргу почнавте да ја злоупотребувате пандемијата за различни цели. Многу бргу уште во мај месец (многу пред да влезам во ИК на ВМРО ДПМНЕ) почнавте со дискредитации кон мене ако дадев изјава која не ви одговараше“, пишува Марковски.

Тој вели дека Филипче не може да се носи со пандемијата. 

„Поради тоа предложивме нова комисија, владина, а не на опозицијата, комисија која ќе биде составена само од експерти и само за справување со КОВИД-19 пандемијата. Од за мене нејасни причини тоа го доживеавте како личен напад, како навреда. После тоа следеше прес коференција во која Ви посочивме 12 (иако ги има многу повеќе) причини зошто треба да оставите некој друг да проба да ги исправа работите. На сите 12 причини одговоривте со навреди, дискредитации, карактерни особини… Се дадовте на анализа на мојата сопруга, која не е јавна личност. Не помисливте дали навредувате, дали имам деца, како сите напади влијаат на нив, и тоа затоа што изнесувам стручни ставови, ниеден став не е личен мој, туку изваден од досегашните научни сознанија. За жал во овој период разочарувачко е сознанието дека живееме во систем на завист, необјективност, омраза и малограѓанштина. Не видов медиум, интелектуалец, новинар, здружение, унија на жени, партија… да ги осуди нападите и дискредитациите на членови на моето семејство“, пишува докторот.

Останува на ставот дека маските носени на отворено и сам се штетни. 

Од СДСМ пак обвинија дека Марковски со непроверени информации го поткопува здравствениот систем.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР