МАСАКР ВО ГЕРМАНИЈА - Војник безмилосно уби четири лица, меѓу кои и дете
Објавено во: Свет 01 Март, 2024
Војник на германскиот Бундесвер е осомничен дека убил четири лица во областа Долна Саксонија во Ротенбург пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството.
Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете.
Убиствата се извршени на две локации - во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.
Осомничениот сторител се предал по синоќешниот напад и според истражителите бил уапсен. Полицијата соопшти дека „не може да се исклучи приватен проблем“ како мотив за кривичното дело.
Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.