Маж се самозапалил пред пожарникарите
Објавено во: Балкан 06 Април, 2019
Сопственик на куќа што горела се самозапалил синоќа пред очите на пожарникарите кои го гаселе пожарот во Ваљево, околу 2.30 часот по полноќ.
Според првичните информации сопственикот се заклучил во друг објект и се полил со бензин, па се запалил. Во тој момент експлодирала и кантата со бензинот што предизвикало да се сруши дел од ѕидот на куќата.
Човекот брзо е однесен во болница, прво во Ваљево па во Белград.