19 Декември, 2025
0.0405

Медицинската опрема од БРАКО барана во Европа и САД

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2022 13:59

Добивај вести на Viber

Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во БРАКО и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.

И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз.

Медицинската програма на БРАКО има повеќе од 500 различни производи, кои се произведуваат според меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.

Веќе 20 години се користат материјали со врвен квалитет и специјални карактеристики како што се биокомпатибилност, огноотпорност и нерѓосувачки челик со подобрени карактеристики.

„Од богатата медицинска програма, особено би го издвоиле ротирачкиот високософистициран кревет, кој е опремен со 6 електромотори за промена на позицијата на корисникот. Во креветот се вградени и голем број различни сензори на повеќе позиции со кои целосно се врши надзор на лицето-корисник“- посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза