16 Декември, 2025
0.0338

МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СО ЗАКАНИ: Ако администрацијата во болницата добие награда ќе престанеме да работиме

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2021 11:56

Добивај вести на Viber

Паричните награди кои ги добија вработените во ковид-центрите и во болниците каде се лекуваат болните од корона вирусот сè уште се причина за раздор во здравствените установи. Извори на Фактор од ГОБ „8 Септември“ говорат дека ситуацијата таму е крајно напната, бидејќи постојат напори од страна на менаџметот награди да добијат и оние кои се вработени во администрацијата. За Фактор велат дека нивните колеги не биле изложени на толкав ризик за да добијат каква било парична награда.

-Навистина не е во ред некој по 24 часа да биде во скафандер, а некој да седи на шалтер и да биде награден. Треба и нив да ги облечеме во заштитната опрема, па нека одат барем еден чаршав да сменат или барем вода да му подадат на пациент болен од Ковид-19. Кај нас се најтешките пациенти. Ние буквално се бориме за секој човечли живот. Ако добијат награда и тие, ние ќе престанеме да работиме, велат од ГОБ „8 Септември“ за Фактор.

Пососчуваат и дека во текот на сите овие изминати месеци низ нивни раце поминале дури 3.000 хоспитализирани пациенти болни само од ковид и дека во амбулантите на болницата прегледале 16.500 заразени пациенти.

-Ова се огромни бројки. Во ниту една друга установа немало толку многу хопспитализации. Дел од нашиот персонал исто така се зарази токму на работното место. 35% од нас беа болни. Имаме почината колешка, така што е неспоредлива тежината на обврските, истакнуваат тие во нашиот разговор.

Истовремено Фактор побара одговори и од менаџментот на ГОБ „8 Септември“. Директорот д-р. Христијан Костов смета дека сите вработени заслужуваат да добијат награда, зошто во изминатава година сиот персонал и медицински и немедицински покажал несебична и целосна одговорност во справување со епидемијата на корона вирусот.

-И оние 160 луѓе вработени во администрацијата треба да имаат финасиска сатисфакција, да бидат парично наградени. Нормало дека тие не беа на списоците зошто неспоредлив е ангажманот со медицинскиот кадар кој буквално е во трка со времето за да се спаси човечки живот. Но, сепак како директор на оваа здравствена установа сметам дека барем половина од тоа што добија медицинските сестри, болничарите, лекарите и останатите, треба да добијат и вработените во администрацијата. Најголемиот дел од парите ги обезбедив преку донации, а за еден помал дел чекам одобрување од ФЗОМ и од Министерството за здравство. Не би било во ред да останат сосема без никаква награда. Ако паричната награда која беше добиена за Нова година изнесуваше околу 28.000 денари за кои беа на црвента линија, тогаш административните работници би требало да добијат барем половина, истакнува директорот Костов за Фактор.

Инаку, ГОБ „8 Септември“ иако се врати и на редовниот тек на работата, таму сè уште се примаат пациентите со најтешка фома на болеста. Во моментов таму се лекуваат речиси 80 пациенти болни од корона вирусот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење