Медитерански влажен бран доаѓа во Македонија, носи пообилни дождови!
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 13:29
Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во нашата Република Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во нашата Македонија ќе има услови за повремен снег“, напиша тој.
Фото:ПиксабејМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




