08 Октомври, 2024
0.0243

МЕДВЕДЕВ НЕ ЖАЛИ ЗА УБИЕНИОТ РУСКИ ПИЛОТ: За куче, кучешка смрт

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Руските власти не жалат за смртта на рускиот пилот кој го предаде хеликоптерот на Украина, за тоа доби пари и замина во Шпанија, каде е убиен. Eкс рускиот претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека нема причина да жали за наводната насилна смрт на рускиот пилот Максим Кузминов, пренесува руската државна новинска агенција Тасс. 

„За куче, кучешка смрт“, рече Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и Тасс.

Тој се воздржа од објаснување или коментирање на околностите за смртта на Кузминов. Шпанската новинска агенција ЕФЕ во понеделникот ја објави веста дека Кузминов е пронајден мртов во Шпанија. Информациите потоа беа потврдени од украинските разузнавачи.

Прес-службата на провинциската полиција објави дека го истражува наводното убиство на 33-годишен маж. Неговото тело со прострелни рани е пронајдено во гаража во градот Вилајојоса, недалеку од Аликанте во јужна Шпанија.

Во август лани, Кузминов ја презеде контролата врз рускиот хеликоптер Ми-8 и безбедно го донесе во украинската воздухопловна база во регионот Харков. 

Кузминов доброволно го донел хеликоптерот од Русија во регионот Харков и го предал на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), која го чекала. ГУР тврдеше дека при операциите е добиена вредна документација и тајна техничка опрема.

Пилотот објасни дека неговиот мотив е противењето на руската инвазија на Украина. Тој изјави дека не сака да биде дел од тоа. Во замена за извршување на оваа специјална операција, му се понудени безбедносни гаранции, нови документи и паричен надоместок во износ од половина милион американски долари.

Тој беше повреден за време на операцијата. Според украинската верзија на приказната, другите двајца членови на екипажот „одлучиле да не се предадат и ги загубиле животите при слетувањето“. Тоа беше прва операција за време на оваа војна во која Украинците успеаја да заробат нов руски авион во борбена состојба.

Медиумите пишуваа дека пилотот се пијанчел во Шпанија, се фалел како помогнал на Украина и убијците лесно откриле каде се наоѓа.

Утре се навршуваат две години од почетокот на руската инвазија на Украина. 

Можеби ќе ве интересира

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување