06 Октомври, 2024
0.0269

Меџити, Гаши и Касами ја напуштија лидерската средба

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Опозиционерите од албанскиот блок Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити демонстративно ја напуштиле лидерската средба, на што претходела кавга со собранискиот спикер  Талат Џафери, кој им викал дека кога сака тој ќе го стави на гласање барањето за член на ДИК, кое им следува по закон. И дека доколку сака може и да го поништи завршениот оглас за член на ДИК, на кој е пријавен кандидат на албанската опозиција, и да распише нов оглас и во тој период можеби ќе има друга поголема опозициона партија, како Алијанса на пример. Тројцата опозиционери го обвиниле за узурпација на местото претседател на Собрание и дека со овој став станува јасно дека ДУИ не сака фер избори.

 Албанската опозиција замина од лидерската средба со образложение дека состанокот го напуштил претседателот на Собранието Талат Џафери и немале со кого да си соочат аргументите за член на Државната изборна комисија. 

- Албанската опозиција го напушти состанокот на лидерската средба откако средбата ја напушти Талат џафери кога точка на дневен ред беше членот на Државната изборна комисија. Додека ние елабориравме, тој ја напушти седницата и затоа и ние ја напуштивме бидејќи немаше со кого да ги соочиме аргументите, изјави Изет Меџити. 

Албанската опозиција, како што рече, бара предвремени парламентарни избори, односно тие да се одржат на 14 и 28 април, односно на 28 април со вториот круг на претседателските да се одржат парламентарните избори. Во однос на техничката влада сметаат дека треба да има техничка влада и во неа министерските места кои претходно и припаѓале на македонската опозиција, сега да им припаднат ним. 

Во однос на изборот на член на ДИК, место кое се испразни откако Кренар Лога стана министер за правда, од албанската опозиција сметаат дека тоа место им припаѓа ним.

- Цениме дека Џафери ова го одоговлегува долго време и гледаме интенција да не се избере член и да не биде целосна ДИК за утре некој да ги оспори изборите со што влегуваме во друг непознат простор, рече Меџити. 



Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали