МЕЏИТИ И КЛИСАРОВА: Сторителите на криминал имаат име и презиме! Медицинската сестра која крадеше беше избркана од работа
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2023
Длабоко ме погоди
и разгневи случајот за Онкологија, за кои МВР потегна истрга. Клиниката треба
да служи како надеж за нашите болни од рак. Го разбирам револтот кај нашите
граѓани, особено кај оние директно погодени од заболвуањата. Оттаму ќе направам
се во моја моќ да се расчисти и казни секој кој има уддел во ова злосторство.
Министерствоот ќе соработува со органите на правосудствоот, транспартеноста е
дел од нашата работа и така ќе биде и за овој случај.
Ова го истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити на денешната пресконференција.
- Никој нема да биде заштитен, будно ќе следиме, и ако некој се обиде да манипулира, остро ќе реагираме. Дополнително ги охрабруваме сите групи или поединци кои се лекувале да не контактираат, сите заедно да придонесеме за расветлување на овој случај.
Јавноста треба да знае дека КАТО системот не е фрлен, туку во истата просторија како што бил поставен. Веќе неколку месеци се прават анализи дали тој да се врати во функција. Со новиот ребаланс на буџетот ќе биде вклучен систем кој долгорочно ќе ги спречи сите измами - кажа министерот
Тој дополни дека со директорите на Онкологија направиле состанок, ќе се прави ревизија на пациентите, и истакна дека веќе неколку месеци наназад се прави стручен колегиум кој одлучува кој пациент каква терапија ќе добива.
- Ќе барам и од директорите секој месец извештај за секој случај. Ќе барам одговорност од цел персонал. Замолувам да не се прави стигматизација за целиот персонал... ја цениме грижата за граѓаните, но замолувам да не се прави хајка за сите, туку за што побрзо да се реши случајот. Сторителите на криминал имаат име и презиме и во процесот на откривање, мора да ги заштитиме лекарите кои им помагале и ги лекувале тамошните пациенти - кажа министерот и дополни дека не може да се мешаат во предиспажни постапки, тоа е во надлежност на обвинителство. Исто така посочи дека не можеме да споделуваме инфомрации кои треба да ги сподели Обвинителство.
- Од доаѓањето на директоротата договорено е еднаш неделно сите доктори заедно одлучуваат која терапија ќе ја прима еден пациент. Со тоа она е одземена од индивидуална одлука какава терапија ќе прима еден пациент - потенцираше Меџити.
Апел за што поскорешно решавање на случајот со манипулирање на лековите побара и Виолета Клисаровска, в.д. директор на Клиниката за Онкологија кој истакна дека како организациски тим биле целосно достапни за истражните органи.
- Апелирам до надлежните, ние не сме воможност да истражуваме, но замолуваме, час поскоро ако има виновници, што поскоро да се именуваат. Ова за нас е важно, за да се отфрли колективната вина која се наметнува врз целиот тим, што ја руши довербата пациент лекар и се одразува врз здравјето на нашите пациенти.
Од името на јавниот стручен колегиум и јас како дел од него. Ги осудуваме сите несовесни и нестручни работења, со молба да не се генерализира проблемот врз целиот тим. Како специјалист доктор, оговорно тврдам до пациентите, од ноември 2022 година, сите ги уверувам, дека секој пациент ја добива препишаната терапија, дозата, типот на лек, согласно тоа што лекарите го препишале. Без никаква манипулација. Од ноември 2022 година, од кога сум на позицијата, стручниот колегиум, работи високопрофесионално - истакна Клисаровска.
Таа појасни дека со нејзино доаѓање било направено многу, воведен утрински состаноци, формиран онколошки конзилиум, во кој учествуваат најголем дел од искусните раководители на секој оддел.
- Присуствувам на секој колегиум и имаме записници од сите состаноци, на кои се реферира за секој пациент кај кого треба да започне терапија. Ажурирани се клиничките протоколи. Патеката на лекот, подразбира следење од влез во болницата, па се до пациентите. По воведувањето на таа патека, медицинското лице се дрзна пак да посегне по лековите, по што беше отстранета од стручни служби, и потоа доби известување од нашата институција, и доби отказ од клиниката со отказно решение. Јас не давам ниту една шанса на кој крадел од лековите, за претходниците не можам да зборувам - истакна Клисаровска.
П.О.
Фото: Принтскрин/МИА