Според порталот, општина Центар исто така во обид на изговор зошто Аоки нема да настапи на црвено-белата ноќ во 23 часот откако прекина дождот, истакнаа дека не сакале да им го нарушуваат мирот на жителите на Центар бидејќи било доцна.
Градоначалникот Жерновски претходно на 19.05.2016 распишал тендер за јавниот настап на ди-џејот Стив Аоки, тендер чија процедура била обжалена и поништена од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Веднаш потоа градоначалникот на ден 02.06.2016, еден ден пред настанот кој се одржува на 03.06.2016, побарал од Советот за јавни набавки одобрение да договори озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна сума од 1.062.000 денари. Поради низа недоследности Советот за јавни набавки не го одобрил барањето, јави Курир.