19 Декември, 2025
0.0983

Мелена сол – нов производ од Благој Ѓорев АД Велес

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2014 18:21

Добивај вести на Viber

Успешната македонска компанија со 90 годишна традиција- Благој Ѓорев АД Велес го збогатува своето портфолио со уште еден производ- зачинот „мелена солˮ. Покрај добро познатите Кристал масло за јадење и Кристал маргарин, како и останатите висококвалитетни производи за широка потрошувачка, и овој нов зачин од Благој Ѓорев со ароматичен мирис и специфичен вкус ќе се потруди да ги освои срцата на потрошувачите, уверени се од компанијата. Мелена сол е зачин во чиј состав влегуваат неколку ароматични билки. Во фабриката на Благој Ѓорев се произведува по традиционална рецептура, со природни зачини грижливо одгледани и собрани во погодните сезони, без вештачки додатоци или засилувачи на вкус, по современ начин на производство и во согласност со безбедносните стандарди за квалитет. Откако сите билки потребни за производтвото на оваа сол се собираат и сушат постепено на ниска температура, се мелат се додека смесата не стане како брашно. На оваа смеса и се додаваат чубрика и црвен пипер, како и други традиционални ароматични билки. Мелената сол се нуди во две варијанти, односно вкусови - блага и лута. „Драго ни е што семејството на производи на Благој Ѓорев е побогато за уште еден член. Мелената сол традиционално е еден од омилените зачини за Македонците, но и еден од најкарактеристичните зачини за овој регион воопшто. Претставува идеален додаток во готвењето на најразлични салати, супи, печено месо, компири, леб, разни зеленчуци, сосови за тестенини и др. при што јадењета добиваат пријатен мирис и одличен вкус. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за Благој Ѓорев да остане брендот кој потрошувачите го преферираат и го сакаатˮ, изјавија од Благој Ѓорев. Рецептот за приготвување на мелената сол е различен во различни краеви во Македонија. Оргиналниот рецепт е од Кратово и доаѓа директно од падините на Осоговските Планини во Македонија, а се меша со сол директно од Егејското Море. Мелената сол во Македонија е позната и како толчена, шарена или к`цана сол. Традиционалниот рецепт, како и количината на различните билки се пренесува низ генерациите и се чува во тајност.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година