MEНАЏИРАЊЕ НА ФИНАНСИИ ВО БРАКОТ: Ова често создава проблеми за партнерите
Објавено во: Финансии 16 Септември, 2025 12:10
Партнерите пред стапување во брак треба добро да ги познаваат финансиските можности и навики на идните сопружници. Лошото менаџирање на пари во бракот создава конфликти. Психологот Лариса Стојковиќ-Трајкоска вели дека партнерите треба да разговараат за имотната состојба, финансиите, но и за евентуалните долгови ако ги имаат. Taa додава дека бракот е голема промена која влијае на сите аспекти на животот на двајцата партнери, а квалитетот на бракот зависи од комуникацијата.
„Еден од аспектите е и финансискиот. Поради тоа што бракот се темели на единство, неoпходно е партнерите да разговараат за своите финансиски навики со цел да постигнат договор како да управуваат со заедничките финансии и како да ги ускладат различните животни стилови. Многу е важно да се разберат чувствата, навиките и ставовите кон парите пред заедничкиот живот и отворено да се разговара – со цел да се избегнат или намалат конфликтите и недоразбирањата. Поради тоа е потребно партнерите да бидат искрени еден кон друг за нивните финансиски состојби: поседување на недвижности или некој друг финансиски имот како акции или обврзници, заштеда, исто така премногу важно е дали некој од партнерите има задолжувања, колку и кон кого им се долговите, дали во моментот има кредит или е жирант на некој кредит. Искрениот разговор има за цел да се создаде цврста врска помеѓу партнерите, која пред сѐ би се темелела на доверба, искреност и почит. Само е потребно да донесат одлука дали ќе ги спојат своите сметки, имот, долгови со цел да можат да креираат цели и планови за иднина. Кога врската би била заснована на искрен разговор и договор, секој од партнерите би се чуствувал сигурно и заедно би можеле да креираат стратегии за потрошувачка и штедење, затоа што недобро функционирање во финансискиот аспект во бракот е честа причина за незадоволство помеѓу партнерите, конфликти и развод“, објаснува психологот.
Стојковиќ-Трајкоска вели дека како и секаде така и во Македонија постојат проблеми во бракот од финансиски аспект. Најчеста причина поради која брачните партнери доаѓаат до конфликт пред сѐ во почетокот на бракот е поврзаноста на партнерите со концептот за финансиите кои се формирани во детството во примарните семејства, доколку тоа не се надмине низ годините во текот на заедничкото живеење и создаде заеднички финансиски стил на управување со парите, станува проблем.
„Други причини кои се извор на несогласувања во финансискиот аспект се преносот на финансиска одговорност на едниот партнер, чувството на непријатност кога еден од партнерите има помали примања од другиот партнер кој има значајно поголема сума на приход кој ја потенцира и постојано ја нагласува, скриените пари, фондови и приходи кои партнерите ги имаат, а за тоа не знае другиот партнер, одлуки за инвестиции, трошење и штедење кога ги носи едниот партнер, непродуктивност на партнерот и неучествување во донесувањето и спроведувањетото на финансиските обврски кон децата како во брак така и кон деца од претходни бракови(алиментација), трошење повеќе на едниот или двајцата партнери од финансиските способности што ги поседуваат, задолжувања, кредити (кои ги прават од различни причини доста актуелна е во моментов коцкарски долгови на едниот партнер)“, кажа психологот.
Таа вели дека искрениот разговор помеѓу партнерите за финансиите може да биде тежок, оптоварувачки, но е од суштинско значење за успешен брак.
И граѓаните се сложуваат дека е важно доброто менаџирање на парите во бракот.
„Треба да се има договор и за финансиите. Во денешно време мора и двајцата да придонесуваат, затоа што со една плата не се живее“, објаснува Валентина П, граѓанка.
Луѓето велат дека рационалното трошење им е навистина важно во брачната заедница.
„Сигурно дека се битни финансиите и треба да се распоредат како што треба. Ако еден повеќе троши, а не придонесува, настануваат проблеми. Многу е важно добро да се менаџира со парите“, рече Драгица Р. граѓанка.
Додаваат дека не е во ред во бракот целиот финансиски товар да падне на грбот на едниот од партнерите.
„Секако дека поради финансиите има кавги. Еден ако работи, трошоците се големи, парите нема да стигнат и тука настануваат конфликти. Еве јас немам редовни примања за разлика од сопругот и морам да чистам за да заработам нешто“, кажа Марија И. граѓанка.
Студиите покажуваат дека финансиските проблеми придонесуваат за 20-40 oтсто од разводите и дека недостатокот на комуникација за парите може да ги влоши брачните проблеми. Во однос на долговите, истражување во САД покажа дека 54 отсто од луѓето веруваат дека тоа е причина за развод.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување





