МЕНУВАЊЕТО НА ЧАСОВНИКОТ Е ЗАСТАРЕНА ПРАКТИКА: Европска земја е против
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2025 17:26
Шпанија повторно ја води својата битка против поместувањето на стрелките.
Премиерот Педро Санчез оцени дека менувањето на часовникот е „застарена практика“ која повеќе не носи заштеда на енергија, туку напротив – предизвикува замор, нарушување на спиењето и стрес.
„Повеќето граѓани во Шпанија и Европа се против сезонското менување на времето“, изјави Санчез, повикувајќи ја Европската унија конечно да ја спроведе одлуката од 2018 година, кога повеќе од 80 проценти од учесниците во големата анкета се изјаснија за укинување на оваа пракса.
Иако Европскиот парламент тогаш го поддржа предлогот, 27-те земји членки на Унијата од тогаш воопшто не го разгледале. Затоа Шпанија планира повторно да го отвори ова прашање во Брисел, со цел во текот на следната година да се постигне конечен договор.
Посебноста на Шпанија лежи во нејзината историска врска со времето. Пред Втората светска војна земјата го користела Гриничкото средно време, но диктаторот Франсиско Франко во 1940 година ги поместил стрелките еден час нанапред за да се усогласи со нацистичка Германија. Иако тоа требало да биде привремена воена мерка, никогаш не било поништено. Така, заедно со Франција, Белгија и Холандија, Шпанија и по крајот на војната останала во „германската временска зона“.
Оваа историска одлука и денес го обликува секојдневието на Шпанците. Во северозападниот град Ла Коруња, на пример, зиме сонцето изгрева дури по девет часот наутро, додека на Балеарските Острови заоѓа пред осум навечер. Активистите предупредуваат дека ваквата неусогласеност со соларното време го нарушува биолошкиот ритам, ја намалува продуктивноста и го отежнува усогласувањето меѓу работниот и семејниот живот.
Но не се сите за промена. Научници, меѓу кои и Хорхе Мира од Универзитетот во Сантијаго де Компостела, сметаат дека враќањето на „природното време“ – како што го користи Португалија – би го поместило почетокот на работниот ден за еден час порано и би предизвикало привремен хаос додека населението се прилагодува на новиот ритам.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




