03 Мај, 2024
0.0284

МЕПСО стана основач на SEE CAO регионална компанија што организира аукции за закуп на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

SEE CAO е регионална аукциска куќа основана од 8 електропреносни систем-оператори со цел да се олесни прекуграничната трговија со електрична енергија така што од еден центар ќе се организираат аукции за закуп на далекуводни капацитети потребни за прекуграничен пренос на електрична енергија
 
МЕПСО денеска склучи договор и стана основач и содружник во SEE CAO (Координирана аукциска куќа на Југоисточна Европа) - регионална компанија која организира аукции за закуп на прекугранични расположливи далекуводни капацитети наменети за пренос на електрична енергија.  Со пристапувањето на МЕПСО во SEE CAO дополнително се прави чекор напред со кој ќе се олесни процесот на прекугранична трговија со електрична енергија на регионално ниво. SEE CAO е создадена со цел од еден центар, во име на 8 компании систем-оператори во регионот,  да организира аукции за закуп на капацитети  со што ќе се олесни регионалната трговија на електрична енергија, а се очекува и намалување на трошоците на учесниците на регионалниот пазар на електрична енергија. Со пристапувањето на МЕПСО кон SEE CAO се реализира една од обврските преземени со ратификувањето на Договорот за основање на европската енергетска заедница.
Договорот во име на МЕПСО го склучија м-р Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО и Ненад Јовановски, заменик – генерален директор на МЕПСО кој ќе биде член на Управниот одбор наSEE CAO.
Со потпишување на договорот започнува подготвителен процес во кој треба да се уредат сите правни и технички аспекти  за прилагодување на новиот начин на организирање на аукциите.  Првата македонска граница на која SEE CAO ќе започне да организира аукции е македонско-грчката граница и се очекува тоа да започне од почетокот на идната година. SEE CAO ќе спроведува годишни, месечни и дневни акции на расположливи преносни капацитети на македонско-грчката граница. SEE CAO е компанија со седиште во Подгорица , Република Црна Гора, а нејзини оснивачи се електропреносните систем-оператори на: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Турција и наМакедонија.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија