17 Декември, 2025
0.1298

Меркел е потресена од активностите на копилотот

Објавено во: Свет 26 Март, 2015 18:45

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел е потресена од развојот на истрагата за авионесреќата во Алпите. Според неа, е тешко да се разбире дека помошник-пилотот од авиокомпанијата „Germanwings“ Андреас Лубиц можел намерно да го урне авионот во француските Алпи, и да предизвика смрт на 150 лица. Според неа активностите на вториот пилот додаваат нова и целосно несфатливо димензија на трагедијата. „Оваа вест ме потресе многу длабоко. Таа надминува сè што можам да замислам. Ова е ужасен товар за семејствата на жртвите во овие денови, исполнети со страдање. Не ги знаеме сите причини“, продолжи канцеларката и вети дека Германија ќе стори сé можно, за да помогне во истрагата. Во меѓувреме, колегите на Лубиц  од авиоклубот „Вестервалц“ го опишуваат како „многу мил и воспитан млад човек“. „Немам зборови! Немам никакво објаснување! Андреас беше многу симпатичен млад човек. Беше многу смешен, а понекогаш беше малку затворен“, изјави за „Ројтерс“ инструкторот од авиоклубот Питер Рикер. Потсетуваме дека 28-годишниот Андреас Лубиц  е од Монтабаур . Има 630-часови лет. Се приклучил  кон „Germanwings“ во септември 2013 година - директно од училиштето за пилоти на „Луфтханза“ во Бремен. Се проценува дека во септември 2013 година Лубиц добил сертификат за летање од Федералната воздухопловна управа. Од клубот на пилоти во кој членувал 28-годишниот пилот велат дека тој членува ушт од тинејџер и дека сакал секогаш „да го оствари својот сон да лета“.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави