17 Декември, 2025
0.0473

Ципрас призна: Германија не е виновна за проблемите на Грција

Објавено во: Свет 23 Март, 2015 21:14

Добивај вести на Viber

Германија сака грчката економија да расте и да се надмине високата невработеност, но тоа ќе бара структурни реформи и здрави државни финансии.

Тоа го изјави вечерва во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел по разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Двајцата разговараа на заедничката прес-конференција.

Разговорите покажаа дека има желба за соработка, иако разликите остануваат, истакна германската лидерка. Новите предлози за реформи на грчкиот премиер ќе бидат прифатени од министрите за финансии на еврозоната, а не само од Берлин, додаде Меркел.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави дека се надева на нов почеток на односите со Германија и повика на крај на заедничките стереотипни претстави.

„Ниту Грците се мрзливи, ниту Германците се виновни за сите неволји на Грција. Треба да работиме напорно за да ставиме крај на овие ужасни стереотипи“, рече грчкиот премиер, пренесува АП.

Според Ципрас важна тема на разговорите била билатералната соработка.

„Иако настаните од последните пет години, кога дејствуваше програмата за штедење, не можеме да кажеме дека сите проблеми доаѓаат од странците. Не можеме да ги обвинуваме за проблемите другите, но не и нас“, категоричен беше грчкиот премиер, додавајќи дека има „внатрешни причини за кризата“.

Ципрас истакна дека средбата во Берлин е исклучително важна за него. „Треба да се разбираме подобро. Нема алтернатива на дијалогот на патот кон отстранување на тешкотиите“, објасни шефот на грчкиот кабинет. Според него двете страни треба да ја обелоденат отворено гледната точка, дури и таа да е спротивставена.

Запрашан за фотомонтажа на списанието „Шпигел“ со Меркел на Акропол, опкружена со нацистички офицери, тој рече дека го смета за „исклучително неправеден и за канцеларката, и за Германија“, која нема ништо заедничко со Третиот Рајх.

Претходно денеска Алексис Ципрас ја предупреди во писмо германската канцеларка Ангела Меркел дека Грција нема да е во состојба да ја исполни во наредните недели исплатата на долговите, претежно спрема ММФ, ако Унијата не обезбеди краткорочна финансиска помош .

Писмото е испратено на 15 март, потврди грчкиот владин портпарол Гаврил Сакеларидис. Тоа било испратено и на другите европски лидери и високи претставници, вклучувајќи го францускиот претседател Франсоа Оланд и на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави