28 Ноември, 2024
0.0327

МЕСТО НА ЛАЛИЊА МИРИСА НА РЕЦЕСИЈА: По Германија и Холандија е на големи маки, економијата во пад два квартали по ред

Објавено во: Економија 16 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Во вториот квартал, од април до јуни, холандската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, соопшти Државниот завод за статистика на оваа земја – CBS.

Економијата на Холандија падна во првиот квартал, за 0,4 отсто во однос на четвртиот квартал од минатата година, така што оваа земја и официјално влезе во рецесија, пренесува холандскиот јавен сервис НОС.

-Ова не е баш класична рецесија, со масовни банкроти и отпуштања, бидејќи бројот на банкроти во Холандија останува низок“, рече главниот економист на CBS, Питер Хајн ван Мулиген. Тој додаде дека во државата се уште има повеќе слободни работни места отколку невработени.

Главниот економист на CBS смета дека блага рецесија може да биде дури и добра за холандската економија, бидејќи притисокот врз пазарот на трудот ќе се намали.

Холандските потрошувачи во последно време трошат помалку пари, а високите каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) ја заладија и економијата на оваа земја.

Министерката за економски прашања и климатска политика на Холандија, Мики Адријансенс, истакна дека на нејзината земја и е потребна стабилност и предвидливост во оваа ситуација. Таа додаде дека владата можеби ќе може да направи нешто за „непотребните зголемувања на цените“ во некои области.

ФОТО: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи