20 Јануари, 2025
0.0282

Метеопатијата станува модерна болест: Докторски совети како да ја преживеете

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Еден ден топло и сончево со повисоки температури, наредниот ден облачно со дожд и грмотевици, наглите климатски промени влијаат на многумина но најмногу на хронично болните лица.

Болеста на денешницата, метеопатијата,  ги погодува сите, од најмали до најголеми, но најмногу хронично болните лица и граѓаните од средното доба, велат лекарите.

„Метеопатијата е болест на модерното време која реагира, односно се чувствува 24/48 часа пред промена на времето, посебно кај најчувствителните луѓе, вклучува: главоболка, вертигинозен синдром, општ замор и малаксаност, депресивна епизода, варијации на крвниот притисок, одредени мијалгии и артралгии при климатските промени, односно при промена на атмосферскиот воздух, надворешната температура, влажноста на воздухот, дождливото и ветровито време “, вели др. Софија Крстева, лекар по општа медицина за Фактор.

И лицата без здравствени проблеми може да бидат метеопати, климатските промени им создаваат тегоби во секојдневниот живот, во секојдневните обврски.

„ Механизмот на кој што влијае варијацијата на климатските фактори се објаснува преку влијанието на електромагнетните бранови од атмосферата врз ослободување на стрес хормони, но не на константен начин, во поголеми количества наутро, во помали количини во вечерните часови. Во исто време постои и намалување на ендорфините, кои предизвикуваат намалување на издржливоста на болката со истовремено намален капацитет на имунолошката одбрана, која настанала заради присуството на стрес хормоните во циркулацијата “, вели др. Крстева.

Редовното следење на временската прогноза е метод број еден за заштита на метопатите, велат докторите.

„ Се препорачува стил на живот со природата и користење на нејзините природни ресурси, почеста прошетка во природа и на планина, користење на хербални екстракти, природни чаеви, одмор, релаксација, масажа, балансирана здрава исхрана. Кај хронично болните, редовно земање на хроничната терапија и следење на биопрогнозата “, истакнува др. Софија.

За метеопатите е препорачливо  најмалку 30 минути да поминуваат на свеж воздух секој ден, далеку од градската врева и метеж, пешачење до 30 минути, туширање наизменично со топла и млака вода, со што би се подобрила циркулацијата и  би се спречило влошувањето на тековните состојби.


Н.М.

Фото Virily.com

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите