МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата
Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2025 13:34
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата, објави Министерствоот.
Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.
- Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со купување на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.
Граѓанската обврзница е со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка е 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година.
Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година - се посочува во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?
Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили
„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра
МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години
Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?
ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител
ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија




