Мицкоски: Лично мене ми се допаѓа Република Македонија
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2018 21:04
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде по лидерската средба која е закажана за утре во Скопје.
„Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лидерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија“- вели Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија во врска со дијалогот од процесот „Жан Моне“ рече дека токму на нивна иницијатива и активностите на партиското раководство во Брисел наместо во Париз се одржува во Охрид.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




